Куќа на Робевци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
'''Куќата на Робевци''' во [[Охрид]] се смета за едeн од најрепрезентативните објекти на градската архитектура во Македонија, која својот највисок развој го достигнува во текот на XIX век. Денес е заштитен споменик на културата под грижа на [[Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид]] и во неа денес е сместен Археолошкиот музеј, етнолошката поставка, фонд на предмети од семејството Робевци и дела на охридската резбарска школа.
 
[[Тодор Петков]], мијак од с. [[Гари]], Дебарско, е мајсторот - градител на куќата на двајцата браќа Робевци, која ја сочинуваат два посебни стана што формираат симболична архитектонска целина. Куќата била изградена во 1825 година по што била опожарена и повторно изградена следната година.
 
== Изложбена поставка ==
Ред 11:
Куќата е заштитен споменик на културата и ја сочинуваат три ката, плус најгорниот кат т.н. "ширван". Во долниот дел се наоѓаат изложени епиграфски споменици од Охрид и околината, како и вредните експонати: "Миљоказ" (пронајден на патот [[Виа Игнација]]), двете торза на божицата [[Изида]] и др. Археолошките експонати датирани од праисторијата до средновековниот период се изложени и на вториот и третиот кат.
 
Во ширванот од куќата, која плени со својата надворешност, но и внатрешност, се презентирани примероци на предмети изработени во "охридска резба", дела на познати мајстори од градот и околината. Во источниот дел од катот може да се види и етнолошката поставка на предмети од покуќнината на семејството Робевци (ковчези, родослов, зачувана фреска од [[Дичо Зограф]] од 1862 година, лекарската торба на Константин Робев и др.).
РОБЕВЦИ НЕПРИЗНАТОТО МАКЕДОНСКО КНЕЖЕВСКО СЕМЕЈСТВО
 
РОБЕВЦИ е НЕПРИЗНАТОТО МАКЕДОНСКО КНЕЖЕВСКО СЕМЕЈСТВО.Охридското семејство Робевци во времето на Османлиското царство имало свои трговски претставништва во Виена, Москва, Одеса, Трст, Лајпциг, Атина, Белград, Софија и во други европски центри. За да тргува по светот султаните му издавале привилегирани берати со кои им гарантирале заштита, но истовремено од нив барале чесен однос кон рајата. За нивната финансиска моќ се говорело на далеку, а некои ги сметале за македонско кнежевско семејство. Членовите на ова голема фамилија не биле само успешни трговци, туку и познати интелектуалци, политичари и дејци кои се вклучиле во македонската преродба. Најистакнати меѓу нив биле д-р Константин Робев, кој докторирал медицина во Виена и Димитар А. Робев пратеник во првиот парламент на Османлиското царство.
Познатата охридска фамилија имала трговски претставништва во најголемите европски центри
 
Пишува: Виктор Цветаноски
 
Охридското семејство Робевци во времето на Османлиското царство имало свои трговски претставништва во Виена, Москва, Одеса, Трст, Лајпциг, Атина, Белград, Софија и во други европски центри. За да тргува по светот султаните му издавале привилегирани берати со кои им гарантирале заштита, но истовремено од нив барале чесен однос кон рајата. За нивната финансиска моќ се говорело на далеку, а некои ги сметале за македонско кнежевско семејство. Членовите на ова голема фамилија не биле само успешни трговци, туку и познати интелектуалци, политичари и дејци кои се вклучиле во македонската преродба. Најистакнати меѓу нив биле д-р Константин Робев, кој докторирал медицина во Виена и Димитар А. Робев пратеник во првиот парламент на Османлиското царство.
 
Д-р Александар Трајановски вели дека трговските филијали на Робевци во светот во извесна смисла биле вистински дипломатски македонски претставништва. Вработените во нив кога им пишувале на Робевци да ги информираат за бизнисот им се обраќале како на кнезови. Покрај тоа, мнгумина Македонци и други граѓани од Македонија ако во странство имале некој проблем, ако лекувале некој свој човек и им недостигале пари или пак ако им требала помош да завршат друга работа, се обраќале во претставништвата на Робовци кои секогаш им излегувале во пресрет.