’Рбетници: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 14:
*[[четириножни]]
}}
'''‘Рбетниците''' ([[науч.]] '''Vertebrata''', понекогаш и '''Craniata''') се поттип на [[Хордати|хордови]] [[животни]] на чиј антериорен крај се развил [[череп]] (што ги разликува од останатите поттипови на хордати). За разлика од другите хордати, ‘рбетниците активно ја набавуваат [[храна]]та. Овој активен начин на [[исхрана]] е овозможен, пред се, со силниот развиток на осковиот [[скелет]], сложените [[Сетилен орган|сетилни органи]] и диференцираниот [[черепен мозок]].
 
‘Рбетниците стекнале подобра ориентација во својата конкретна [[Биотоп|животна средина]] благодарејќи на силниот развиток на сетилните органи, особено на органите за [[слух]], [[мирис]] и [[вид]], како и на развитокот на мозокот кој ја регулира целата активност на [[Организам|организмот]]. Затворениот [[крвоносен систем]] снабден со [[Контракција|контрактилен]] [[орган]] - [[срце]], како и [[крв]]та со крвните [[Клетка|клетки]] обезбедуваат побрз и подобар транспорт на [[гас]]овите и хранливите материи, а со тоа и поголема [[Енергија|енергетска]] потрошувачка. Интензивниот промет на гасовите е осигуран со добро развиени органи за [[дишење]] - [[жабри]] или [[Бел дроб|бели дробови]]. Сите овие, како и некои други можности што ги стекнале ‘рбетниците во својот [[Еволуција|еволутивен]] развиток, дале можност да го достигнат врвниот степен на развитокот. Тоа максимално е постигнато кај [[човек]]от како единствено разумно живо суштество на нашата [[планета]].