Отвори го главното мени

Промени

Нема измена во големината ,  пред 6 години
нема опис на уредувањето
{{викификација}}
'''Зајакот-дупкар''' спаѓа во редот зајакообразни цицачи и во фамилијата зајаци, во која се вбројува и обичниот зајак. Домашните видови настанале од дивиот зајак-дупкар. Потекнува од Европа, но денес го населува целиот свет, освен на Антартикот и некои острови во Југоисточна Азија. Се среќава во тревни или шумовити предели, како и во обработени полиња. Достигнува должина од 40 цм и тежина од 2 кг. Живее од 3 до 6 години. Сексуалната зрелост ја постигнува на возраст од околу четири месеци и се спарува во текот на пролетта и летото. По едномесечен период на носење, женката раѓа 2 до 7 малечки, 4 до 5 пати во текот на годината. Младенчињата се раѓаат слепи и без влакна, во дувло ископано во земјата, на меко легло прекриено со влакна од мајката. Зајакот-дупкатдупкар е тревојадец. Тој се храни со трева, корења, лисје, кора од дрвја. Поради тоа забите му се трошат и горните секачи постојано му растат.
 
[[Категорија:Цицачи]]
Анонимен корисник