Боцкоглавци: Разлика помеѓу преработките

Одземени 42 бајти ,  пред 10 години
с
нема опис на уредувањето
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 12:
| display children = 2 collapsible
}}
'''Боцкоглавците''' ({{науч|Acanthocephala}}) се група која вклучува најчесто мали и облигатно-[[паразит]]ски црвовидни [[животни]], со околу 1000 видови, што го прави овој [[Тип (биологија)|тип]] среден по големина. [[Ларва|Ларвите]] на овие организми паразитираат во [[хемоцел]]от на [[членконоги]]те ([[ракови]], [[Стоногалка|стоногалки]] и [[инсект]]и), додека возрасните живеат во дигестивниотсистемот системза варење на [[’Рбетници|’рбетниците]] (во прв ред тоа се [[Коскени риби|коскените риби]]). Речиси сите се [[Космополит|космополитски]] организми (поседуваат голема валенца на домаќини), освен неколку, кои имаат ограничена географска распространетост (строго специфични за домаќинот). Исто така, боцкоглавци се најдени и во [[риби]] кои живеат во [[абисал]]от и [[ултраабисал]]от.
Боцкоглавците имаат напреден план на градба на своето тело, односно поседуваат примарна телесна празнина ([[Телесна празнина|псевдоцелом]]), но кај нив отсуствува сегментација. За разлика од останатите паразитски животни, тие не се толку распространети и чести.<ref name="crompton">Crompton 1985, стр. 27</ref>
Ред 24:
== Анатомски одлики и физиологија ==
 
Телесната празнина на ''Acanthocephala'' е од псевдоцеломски тип и во неа се сместени сите [[орган]]и и [[органски систем]]и. Телесниот ѕид е составен од три дела. [[Кутикула]]та е бесструктурна покривка која го штити паразитот од дигестивнитестомачните [[ензим]]и на домаќинот. Епидермисот е сличен со оној на [[Цевчести црви|цевчестите црви]] по тоа што е од [[Синцициум|синцициелна]] природа, но кај боцкоглавците е многу подебел. Тој е исполнет со лакуни и поседува големи амебоидни јадра. Мускулниот слој е претставен со два потслоеви: надворешен слој од кружни шупливи мускули и внатрешен слој од надолжни мускули. Под нив се наоѓа псевдоцеломот. Во него се наоѓаат сите внатрешни органи. Тие се изведени од еден [[лигамент]] кој се протега средишно долж псевдоцеломот.
 
Овие животни не поседуваат [[дигестивен систем за варење]] во ниту една фаза од својот животен циклус, како резултат на длабокиот ендопаразитски начин на живот. Готовата храна ја впиваат преку целата телесна површина. Меѓутоа, податоците за исхраната на овие организми се ограничени, бидејќи е проучен [[Метаболизам|метаболизмот]] на само неколку видови. Откриено е дека како главен супстрат за метаболизмот на боцкоглавците се [[јаглехидрат]]ите, а како главен краен продукт е [[етанол]]от. При внесот на [[моносахарид]]и се забележани механизми на [[активен транспорт]], како и хидролитичка активност на [[Клеточна мембрана|плазмалемата]] од површинските клетки на интегументот. Ензимска активност е локализирана и во површинските длабнатинки на интегументот. Тие ја зголемуваат апсорпционата површина и се сметаат за екстрацитоплазматскивонцитоплазматски дигестивниварни [[органели]]. Познати се различни [[Аминокиселина|аминокиселини]] кои можат да се апсорбираат преку површината на интегументот (на специфични места за секоја аминокиселина), но нивната улога во метаболизмот не е се уште јасна. [[Липид]]ите, пак, се апсорбираат и се складираат во лемнисците, меѓутоа постои несогласување околу тоа дали липидите се апсорбираат преку целата површина или само преку вратниот и риличниот регион. Иако можат да се најдат големи резерви на липиди во ткивата на акантоцефалите, сепак, се верува дека тие не се искористуваат во метаболизмот.
 
Циркулаторен и респираторен систем отсуствуваат, а нивната улога ја има преземено лакунарната и псевдоцеломската течност (слично како кај ''Nematoda''). Екскреторниот систем е застапен само кај ''Archiacanthocephala'', и тоа во вид на изменети [[Нефридија|протонефридии]] кои се адхерентни со репродуктивниот систем. Но, кај повеќето видови отсуствуваат посебни екскреторни органи.