Модус: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с додадена Категорија:Статистика со помош на HotCat
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Модусот''' е мерка на централната тенденција и се дефинира како вредност на [[белег|белегот]] која се појавува најчесто т.е. има најголема [[фреквенција]]. Поради тоа оваа средина се среќава во статистичката литература како фреквенциона, доминантна, мода, модална или типична средна вредност.
== Модусот како мерка на централната тенденција ==
[[Податотека:Comparison mean median mode mk.svg|мини|десно|250п|Споредба на модус, [[медијана]] и [[аритметичка средина|средина]].]]
За разлика од математичките средни вредности кои се пресметуваат врз основа на сите вредности на белегот на серијата, модусот заедно со [[медијана|медијаната]] спаѓаат во вредности на белегот кои имаат посебна положба во серијата и се нарекуваат позициони средни вредности. Поради тоа модусот е доста значаен показател на централната тенденција, бидејќи може да се определи независно од промените во големината на екстремните вредности на белегот и нивните фреквенции. Исто така, модусот, за разлика од математичките средни вредности може да се користи и како мерка на централната тенденција на атрибутивните серии. Така, на пример, ако помеѓу дипломираните студенти кои бараат работа најголем дел се студенти со диплома од економски факултет, тогаш економската диплома се смета за модус на белегот вид на диплома.
 
[[Податотека:Https://statistics.laerd.com/statistical-guides/img/mode-1a.png|рамка|центар|Модус]]
 
Исто така, модусот го претставува тежиштето на групирање и типичната вредност на белегот. Модусот најчесто се разликува од [[аритметичка средина|аритметичката средина]] и може да се најде на почетокот или крајот на [[распоред|распоредот]], кога екстремните вредности имаат најголема фреквенција (како кај распоредот во форма на буквата "J" или "L") и во такви случаи ја губи вредноста како мерка на централната тенденција.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Модус