Рум-милет: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
'''Рум милет''' ('' Millet-i Rum'') била верска заедница ([[Милет (Османлиска империја)|милет]]) во [[Отоманска Империја|Отоманската Империја]], која ги опфаќала православните Христијани кои имале свои автономни административни институции (судови, училишта, болници и др.), распоредени во одделни градски населби во периодот од XV до XX век.<ref>[http://www.britannica.com/EBchecked/topic/177174/Eastern-Orthodoxy/59584/Orthodoxy-under-the-Ottomans-1453-1821#ref64189 Encyclopedia Britannica online, Eastern Orthodoxy (Christianity)]</ref>
 
Во [[Отоманската Империја]] не постоел редовен ситем за попис на населението со утврдени методи и принципи како во западноевропските држави. Осмaнските власти го евидентирале само машкото население и тоа не по национална основа, туку по вероисповед. Мажите муслимани биле запишувани поради воената обврска, а христијаните поради даноците. Меѓутоа постоеле еден вид на матични книги т.н ''нуфуз дефтери'' во кој биле запишувани датумот на раѓање, името, името на родителите и презимето, меѓутоа од нуфузите не може да се утврди националниот состав на населението во Македонија. Под графата Муслимани биле запишувани: [[Турци]]те, [[Роми]]те, [[Торбеши|исламизираните Македонци]], [[Албанци|Арнаутите]], [[Черкези]]те, [[Арапи]]те и други, односно припадниците на муслиманската вероисповед. Во графата Рум-милет (Грци) биле запишувани сите православни христијани во Отоманската Империја кои биле под духовна јуриздикција на [[Цариградската патријаршија]], тука спаѓаат Македонците-патријаршисти кои биле нарекувани и како Грци. Христијанското населние кое било под духовна власт на [[Бугарската егзархија]] било запишувано како Бугар-милет, тука спаѓаат Македонците-егзархисти кој биле нерекувани и како Бугари. Од национален аспект само за [[Евреи]]те постоела посебна графa како ''Јауди'', но и тука имало исклучок. Евреите муслимани биле впишувани како Турци <ref>Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003</ref><ref>Бугарската историографија во автономниот принцип на организацијата гледа како на средство за присоединување на Македонија кон Бугарија со што на организиацијата и дава белег на поборник за обединување на Македонија и Бугарија, иако во весникот Право било јасно истакнато дека: Внатрешната револуционерна организација ќе му даде на секој да реазбере дека работи за единството и независноста на Македонија, како слободна држава на Балканскиот полуостров. Таа организација, давала и во иднина ќе дава докази дека не е агент на никоја од балканските држави, туку агент само на македонската слобода и независност. Со таквите докази таа постепено ќе ги остранува племенските разлики во Македонија и ќе го организира идниот, ако и разнобоен, но способен да се самоуправува мирно и тивко, македонски народ (Право, II/31 (39), 22. 09. 1902, 3), не постои ни еден официјален документ на организацијата каде што таа истакнува дека се залага за присоединување на Македонија кон Бугарија</ref><ref>'''1) Организацијата да е тајна и револуционерна. 2. Нејзината територија да ја сочинува само Македонија во нејзините географски и етнографски граници, поради што ќе се нарекува Внатрешна. 3) Во неа ќе членуваат родени и лица што живеаат во Македонија без разлика на вера и народност. 4) Политичкото верују на организираните Македонци е автономија на Македонија. 5) Да се чува самостојноста на организацијата за да не падне под влијание на политиката на соседните држави.'''.. види: Основаването на ВМРО (записи на Иван Х. Николов) съобщава Христо Шалдев, Ил. Илинден VIII / 1 (71) София, 1936</ref>
 
Етнонимите (националностите) ретко се користеле за целите на администрацијата во Отоманската Империја. Православниот милет ([[Румелија|румелијски]], односно ромејски милет) бил под управата на грчката [[Цариградска патријаршија]]. Како дел од верската заедница на грчкиот милет, [[Македонци]]те, [[Бугари]]те, [[Срби]]те, [[Власи]]те, дел од [[Албанци]] те и другите православни народи биле скриени малцинства во рамките на овој милет до нивното признавање како посебни милети. Без сомнение тие имале свест дека припаѓаат кон некоја етничка заедница, но таа не создавала толку силни чувства на приврзаност и лојалност. Под отоманската власт етнонимите никогаш не исчезнале целосно, што покажува дека некоја форма на етничка идентификација била зачувана. Тоа се гледа од султанскиот ферман од 1680 година, во кој се наведени народностите во некои балканските земји на империјата, како: Грци (''Рум''), Албанци (''Арнаут''), Срби (''Срф''), Власи (''Ефлјак'') и Бугари (''Булгар'').<ref>[http://books.google.bg/books?id=hnzDyhp70HUC&pg=PA23&lpg=PA23&dq=%D0%A2%D0%BE%D0%B2%D0%B0+%D1%81%D0%B0+%D0%B3%D1%8A%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5+(%D1%80%D1%83%D0%BC),+%D0%B0%D0%BB%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5+(%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%83%D1%82),+%D1%81%D1%8A%D1%80%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5+(%D1%81%D1%8A%D1%80%D1%84),++%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%82%D0%B5+%D0%B5%D1%84%D0%BB%D1%8F%D0%BA&source=bl&ots=Z3zyVPegRQ&sig=bBSXbBQPRK93bixBgZmzK50cKoY&hl=bg&sa=X&ei=6f4LUeTpJY35sgbW-IDgCw&ved=0CEcQ6AEwBA#v=onepage&q=%D0%A2%D0%BE%D0%B2%D0%B0%20%D1%81%D0%B0%20%D0%B3%D1%8A%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5%20(%D1%80%D1%83%D0%BC)%2C%20%D0%B0%D0%BB%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5%20(%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%83%D1%82)%2C%20%D1%81%D1%8A%D1%80%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5%20(%D1%81%D1%8A%D1%80%D1%84)%2C%20%20%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B5%D1%84%D0%BB%D1%8F%D0%BA&f=false История на българите. Късно средновековие и Възраждане, том 2, Георги Бакалов, TRUD Publishers, 2004, ISBN 9545284676, стр. 23. (Bg.)]</ref> Сепак, тогаш обичните луѓе гледале на себе си повеќе како христијани, а татковината им се протегала до границите на земјата на родната им населба.<ref>[http://books.google.bg/books?id=htMUx8qlWCMC&pg=PA47&dq=millet++bulgarian+identity+detrez&hl=bg#v=onepage&q=Smith%2C%20A.%20The%20Ethnic%20Origins%20of%20Nations.%20&f=false Europe and the Historical Legacies in the Balkans, Raymond Detrez, Barbara Segaert, Peter Lang, 2008, ISBN 9052013748, p. 36.]</ref>