Озирис: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 7:
[[Мит]]от за Озирис од Египет е многу сличен со истиот мит од [[Стара Грција]]:
 
[[Реја]], т.е. [[Нут]] (мајката на Озирис) која била жена на [[Хелиос]] ([[Ра]]), имала тајна љубовна врска со [[Кронос]] ([[Себ]], таткото на Озирис). Кога Ра го дознал ова фрлил клетва на Нут да не може да раѓа ни во еден ден, ни во еден месец, ни во една година. [[Тот]] ([[Хермес]]) кој и сам бил заљубен во истата божица, како заблагодарување за наклоноста што ја имал од неа, се коцкал со [[Месечина (божество)|Месецот]] и од него го добил седумнаесеттиот дел од неговата светлост кој чини пет дена, кој тој подоцна ги додал на триста и шеесетте дена од кои претходно се состоеле годините. На тие пет додадени дена Нут родила повеќе богови. На првиот го родила Озирис, при што на Земјата се разгласило дека „се родил господар на целата Земја“. На вториот ден се родил [[Ароуерис]], кој [[стари Грци|Грците]] го нарекуваат [[Аполон]], а се нарекува и [[Хор Постариот|Хор (или Ор) Постариот]]. На третиот ден на свет дошол [[Сет (бог)|Сет]], т.е. [[Тифон]], кој насила излегол на свет преку раната што ја нанесол на мајчината слабина. [[Изида]] е родена во четвртиот ден во мочуриштата во Египет, а на последниот ден е родена [[Нефтида]] (или Нефтис), кои некои ја викаат [[Телеута]] и [[Афродита]], а други [[Нике]]. Озирис се оженил со [[Изида]], а Сет, пак, се оженил со Нефтида.
 
Откако Ра ја напуштил земјата за да владее со [[небо]]то, Озирис станал [[крал]] на Египет. Тој се посветил на цивилизирање на својот народ, да го обрати од скудниот и варварски начин на живот и од практикување на [[канибализам]]; ги учел да држат култ кон [[плод]]овите на земјата и да живеат според законот на [[Маат]] (Божицата на редот, правдата и законот). Ги упатил во должноста за почитување и обожување на Боговите. Тој потоа почнал да патува по другите земји за да ги убедува луѓето да ги прифатат неговите [[поука|поуки]], но не ги принудувал со сила, туку по нивна слободна волја. Сет пак сакал да го да отстрани Озирис од власта, за да тој стане крал, па при враќањето на Озирис во земјата, сковал завера против него со уште седумдесет и две луѓе. Имено, на една фешта што ја организирал со неговите заговорници со лага го наговорил Озирис да легне во еден мошне убав ковчег, украсен со орнаменти, при што заговорниците веднаш прискокнале, го спуштиле поклопот, го заковале со клинци и го залеале во растопено олово, па го превезле преку некоја утока на [[Нил]] до морето.
Ред 13:
Изида била во голема жалост и со скршено срце. По жалоста тргнала по целата земја во потрага по ковчегот. Од некои деца дознала преку која утока на Нил ковчегот бил пренесен до морето. Потоа дознала дека ковчегот, морските бранови го однеле до брегот [[Библос]] и таму нежно го наместиле во гранките на [[тамарис]]ка грмушка, која за кратко време израснала во големо, раскошно и убаво дрво, обраснувајќи околу ковчегот и покривајќи го од сите страни, па веднаш заминала таму. Кралот пак што владеел таму незнаејќи што има внатре, го исекол дрвото за да го користи како столб во неговата [[палата]]. Кога пристигнала, Изида за кратко време се зближила со владетелите на Библос во тоа време, односно со кралот [[Мелкарт]] и кралицата [[Астарта]].
 
Кралицата, пак, поради пријателството и зближеноста со Изида, ја поставила за дадилка на едно од нејзините синови. Изида на детето му давала да цица прст, наместо дојка; исто така секоја ноќ го ставала во оган за да го уништи неговиот смртен дел. Потоа се претворувала во ластовица и летала околу столбот на палата, оплакувајќи ја својата тажна судбина. Ова го повторувала извесно време, сè додека кралицата не вреснала кога го видела своето дете во пламен, и така го лишила од бесмртноста. По овој настан Изида се открила која е и побарала да се исече дрвото и да се извади ковчегот, па се фрлила над него, и толку силно и грозно заплакала, што до смрт се преплашил помладиот кралски син. Потоа таа со ковчегот запловила накај Египет. Кога се вратила и кога никој не ја гледал го отворила ковчегот и се претворила во сокол, која мавтајќи со своите големи крилја предизвикала [[магија]] со која му внела животен здив на Озирис за еден ден. На тој ден таа на магичен начин била зачната од Озирис и од овој однос потекнува [[Хор Помладиот]]. Изида го скрила ковчегот од Сет, но тој при еден лов го пронашол и го распарчил телото на четиринаесет делови. Изида повторно тргнала да ги бара распарчените делови на нејзиниот маж и каде и да нашла некој дел од нејзиниот маж таму правела и негов [[кип]]. Во наоѓањето на деловите од својот маж доста ѝ помогнале [[Анубис]] и Нефтида. Ги пронашле сите делови, освен неговиот полов орган кој бил фрлен во Нил и изеден од некои риби, па како негова замена Изида направила негов модел (фалус). Телото на Озирис било повторно составено, Анубис го балзамирал и мумифицирал и заедно со помошта на магичните формули на [[Тот]] и некои [[ритуал]]и, Озирис повторно оживеал и бил пратен да владее во [[Подземен свет|подземниот свет]]. Синот на Изида и Озирис - Хор, кога пораснал тргнал во борба против [[Сет (бог)|Сет]] за да се одмазди. Тот му помагал со магии на [[Хор (бог)|Хор]] во битката. Во трите водени битки Хор победил, а Сет бил поразен, избркан од царството и протеран во пустина од каде што сакал да се врати и да го уништи Египет, т.е. сакал да се врати и да воведе целосен [[Карма|кармички]] хаос.
 
== Симболизам ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Озирис