Изида: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 11:
Во митот за [[Озирис]], кој бил убиен и распарчан на делови од неговиот брат [[Сет]], таа успева да ги собере сите делови (освен пенисот кој го проголтале крокодилите) од мртвиот сопруг и брат Озирис и да ги спроведе погребните обичаи. Откако Хор пораснал, тој успеал да го порази вујкото Сет и да ја одмазди смртта на татка си Озирис. Оттогаш Хор се смета како првиот владетел на обединетиот Египет. Затоа често пати во прегратките на Изида, наместо Хор се прикажувани фараоните.
 
Во Книгата на мртвите, Изида е спомната како дарителка на живот и храна за мртвите; се појавува и во улога на судија на мртвите. Друга нејзина улога била да го заштити Имсет, еден од [[Четири Хорови синови|четирите сина на Хор]]. За време на [[ПтоломеиПтолемаиди]]те (македонските династии во Египет) била почитувана и како заштитничка на морнарите.
 
[[Податотека:Isis Enthroned-Egyptian-650-BCE.jpg|thumb|right|180px|Изида со рогови од крава, сончев диск, седи на лавовски престол и го дои Хор.]]Изида е сметана како голема [[волшебник|волшебничка]] и е позната по употребата на нејзините маѓепснички вештини. Толку била моќна [[магија]]та на Изида, што и самиот [[Анубис]], богот на смртта, се плашел од неа. Како моќна волшебничка, заморена од земските работа, таа стекнала бесмртност откако го измамила богот [[Ра]] (Ре). Имено, таа успеала да му земе дел од неговата плунка и да ја претвори во [[кобра]], која му ја пуштила по патот за да го измачува. Изида му ветила на Ра дека ќе го поштеди од маките доколку и го каже неговото тајно име. Откако го стекнало неговото тајно име таа почнува да изведува најразлични чуда. Затоа луѓето ѝ се молеле да им помогне на болните и оние кои се на умирање. Како божица на лекувањето и породувањето, таа ноќе ги посетувала болните, замавнувала нежно со нејзините крилја и изговарала магиски инкантации за да ги излекува.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Изида