Рак (болест): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 112 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q12078 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 46:
==== Инфекција ====
Некои видови на рак можат да се предизвикани од инфекција. Ова најчесто се случува кај животните, како на пример птиците, но исто така и кај луѓето, а вирусите се причинители на дури 20% од сите заболувања од рак ширум светот. Тука се вбројуваат човечкиот папилома вирус (карцином на грлото на матката, односно цервикален карцином), човечкиот полиома вирус (мезотелиом, тумори на мозокот), Епштајн-Бар вирусот (лимфопролиферативна болест на Б-клетките и назофарингеалниот карцином), Капошиевиот сарком херпес-вирус (Карпошиев сарком и примарен излив на лимфоми), вируси на хепатит Б и хепатит Ц (хепатоцелуларен карцином) и човечкиот вирус-1 на леукемија на Т-клетките (леукемија на Т-клетките). Ризикот за заболување од рак може да се зголеми и заради бактериска инфекција, како што е примерот на бактеријата Heliobacter pylori, што го предизвикува карциномот на желудник.
Според експериментални и епидемиолошки податоци, вирусите имаат улога на предизвикувач, и со тоа се вториот најзначаен фактор на ризик од развивање на ракот кај луѓето, надминат само од употребата на тутун. Можеме да разликуваме два вида тумори предизвикани од вирус: едните се трансформираат акутно, а другите се трансформираат полека. Кај вирусите што се трансформираат акутно, вирусот носи хиперактивен онкоген, наречен вирусен онкоген, и заразената клетка се преобразува во истиот момент кога се пројавува вирусот. За разлика од овој вид, кај вирусите што полека се трансформираат, вирусниот геном се внесува близу прото-онкогенпраонкоген во геномот-домаќин. Потоа, вирусниот катализатор или други елементи за управување со пренесувањето предизвикуваат преголема активност на тој прото-онкогенпраонкоген. Ова пак, предизвикува неконтролирана делба на клетките. Заради тоа што местото на вметнување не е специфично за прото-онкогенитепраонкогените и шансата за вметнување во близина на прото-онкогенитепраонкогените е мала, вирусите што полека се трансформираат предизвикуваат тумори долг временски период по инфекцијата отколку вирусите што акутно се трансформираат.
Вирусите на хепатит, вклучувајќи ги хепатитот Б и хепатитот Ц можат да предизвикаат хронична вирусна инфекција што на годишно ниво, кај 0,47% од пациентите заболени од хепатит Б доведува до рак на црниот дроб (особено во Азија, а помалку во Северна Америка), и кај 1,4% од заболените од хепатит Ц. Цирозата на црниот дроб, без разлика дали потекнува од хроничен вирусен хепатит или алкохолизам, е тесно поврзана со развивањето на рак на црниот дроб, и комбинацијата од цироза и вирусен хепатит претставува најголем ризик за развивање на рак на црниот дроб. Во светски рамки, ракот на црниот дроб е еден од најраспространетите и најсмртоносните видови рак, што се должи на лесната преносливост на вирусниот хепатит и болестите.
Напредокот во истражувањето на ракот доведе до пронаоѓање на вакцина, наменета да го спречи ракот. Во 2006-та година, Администрацијата за Прехрана и Лекови во Соединетите Американски Држави одобри вакцина за човечкиот папиломавирус (ХПВ) наречена Гардасил. Вакцината штити од 6,11,16,18 соеви на човечкиот папиломавирус, кои заедно се причината за 70% од случаите на рак на матката и 90% од случаите на генитални брадавици. Во март, 2007-ма година, Советодавниот Комитет за имунизациски практики при Американскиот Центар за контрола на болести и превенција официјално препорача вакцината да ја примат жени на возраст од 11-12 години, и воочи на фактот дека жени од 9-26 години се исто така кандидати за имунизација. Постои и втора вакцина од Церварикс, која штити само од поопасните соеви 16,18 на човечкиот папилома вирус. Во 2009-та година, вакцината Гардасил беше одобрена за заштита од аналниот рак кај мажите, и рецензентите изјавија дека не постојат анатомски, хистолошки или психолошки разлики на ректумот, и затоа и жените ќе бидат заштитени.