Хипи-движење: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 7:
Историјат
Потекло
Основањето на хипи движењето има свој историски преседан уште во контракултурата на древните Грци, поддржувана од филозофите како што се Диоген и Синопи и од Циниците, како најрани облици на хипи култура. Хипи филозофијата исто така ги признава и одобрува духовните учења за Исус ХристХристос, Хилел Постариот, Буда, Маздак, Св. ФрансисФранциск од АсиАсишки, Хенри Дејвид ТороуТоро и Ганди.
Првите знаци на она што би можеле да го наречеме модерни „прото-хипици“„прахипици“ се појавија во крајот на векот во Европа. Помеѓу 1896 и 1908 година, се појави едно германско младинско движење како контракултурна реакција на организираните општествени и кулутрни клубови кои се собрале иколу германската народна музика. Познати под името Der Wandervogel („Птица преселница“), движењето се спротивстави на формалноста на традиционалните германски клубови, нагласувајќи ги наместо неа аматерската музика и пеење, креативното облекување и заеднички излети кои ќе вклучуваат долги пешачења и кампување. Инспирирани од делата на Фридрих Ниче, Гете, Херман Хесе и Едуард Балцер, Wandervogel (птиците преселници) привлекоа илјадници млади Германци кои го отфрлија брзиот тренд кон урбанизацијата и чезнееа по паганскиот, духовен живот во стилот, враќање кон природата, исто како нивните претци. Во текот на првите неколку декади од дваесеттиот век, Германците се сместија околу Соединетите Држави, донесувајќи ги со себе вредностите на Wandervogel. Некои ги отворија првите продавници со здрава храна, а многумина се преселија во јужна Калифорнија, каде можеа да стават во пракса еден алтернативен животен стил во топла клима. Со текот на времето, младите Американци ги прифатија убедувањата и практиките на новите имигранти. Една група наречена „Момчиња на природата“ се упати кон калифорниската пустина и одгледуваше органска храна, поттикнувајќи го животниот стил „враќање кон природата“ исто како Wandervogel. Песнописецот Еден Абез напиша хит песна наречена Момче од природата инспирирана од Роберт Бутцин (Цигански чизми), кој помогна да се популаризира свеста за здравјето, јогата и органската храна во Соединетите Држави.
Како и Wandervogel, хипи движењето во Соединетите Држави започна како младинско движење. Составени претежно од бели тинејџери и млади возрасни лица на возраст помеѓу 15 и 25 години, хипиците наследија традиција на културно дисиденство (несогласување) од боемите и битниксите на Бит генерацијата во доцните педесетти години. Некои од Бит генерацијата, како Ален Гинсберг, прејдоа од бит движењето и станаа препознатлив елемент на сè повеќе растечките хипи и против-воени движења. До 1965 година, хипиците станаа веќе препознатлива општествена група во САД, а движењето конечно се прошири и во другите земји, доаѓајќи дури до Обединетото Кралство и Европа, Австралија, Канада, Нов Зеланд, Јапонија, Мексико и Бразил. Хипи филозофијата и обичаи влијаеа врз Битлсите и други во Обединетото Кралство и други делови во Европа, а тие пак, за возврат, влијаеа врз нивните американски колеги и сожители. Хипи кулутрата се рашири на секаде во светот преку спојување на рок музиката, фолклорот, блузот и психоделичниот рок; таа исто така најде свој одраз и во литературата, драмската уметност, модата и визуелните уметности, вклучувајќи го филмот, постерите за рекламирање на рок концерти и кориците на албумите. Јавно деклариранит хипици станаа значително малцинство до 1968 година, претставувајќи нешто под 0.2% од американското население, пред нивниот број да опадне во седумдесеттите години.
Паралелно со Новото лево крило и американското движење за граѓански права, хипи движењето беше една од трите дисидентски групи со контракултура во пшеесеттите години на дваесеттиот век. Хипиците ги отфрлија веќе утврдените институции, ги критикуваа вредностите на средната класа, беа против нуклерното оружје и војната во Виетнам, прифатија одредени аспекти од источната филозофија, ја пропагираа сексуалната слобода, честопати беа вегетаријанци и пријателски расположени кон животната средина, го поттикнуваа користењето на психоделичните дроги за кои веруваа дека ја прошируваат човековата свест и создаваа меѓународни заедници или комуни. Тие практикуваа алтернативни уметности, уличен театар, народна музика и психоделичен рок, сето тоа како дел на нивниот животен стил и како начин на изразување на нивните чувства, протести и согледувања за светот и животот. Хипиците се спротивставуваа на политичката и општествена ортодоксност, избирајќи нежна и недоктринирачка идеологија која претпочиташе мир, љубов и лична слобода изразена, на пример, во песната на Битлси, Сè што ти треба е љубов“.Хипиците ја сметаа доминантната култура како еден расипан, монолитски ентитет кој наметнува неправедна моќ над нивните животи, нарекувајќи ја таа култура „Естаблишментот“, „Големиот брат“ или „Човекот“.Посочувајќи дека тие беа „трагачи по значење и вредности“, некои познавачи на хипиците, како Тимоти Милер, ги опишаа хипиците како едно ново религиозно движење.