Чкрапава согласка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 20:
 
==Јазици со чкрапави согласки ==
Чкрапавите согласки постојат во сите три [[којсански јазици|којански јазични семејства]] во јужна Африка, каде се и најзастапени меѓу согласките. Во помала мера се присутни и во соседните [[банту-јазици]] кои ги усвоиле (непосредно или посредно) од којсанските. Југоисточно, на истокот на [[ЈАР]], [[Свазиленд]], [[Лесото]], [[Зимбабве]] и јужно [[Мозамбик]], чкрапките се усвоени од јазикот [[туу (јазици)|туу]] или јазиците од групата нгуни (особено [[зулу]], [[коса (јазик)|коса]] и [[пути (јазик)|пути]], но во помала мера и во [[свазискисвази (јазик)|свазискиотсвази]] и [[ндебеле (јазик)|ндебеле]]), а оттаму се прошириле во намален облик во зулуанскиот [[пиџин]] [[фангало]], [[сото (јазик)|сото]], [[цонга (јазик)|цонга]], [[ронга (јазик)|ронга]], дијалектот мзимба на [[тумбука (јазик)|тумбука]], и во поново време, во [[ндау (јазик)|ндау]] и градските наречја на [[северен сото]] (педи), каде распространувањето на чкрапавите согласки сè уште трае. Второ место на прошорување се појасот Каприви и реката Окаванго, каде јазикот [[јеји (јазик)|јеји]] ги усвоил чкрапавите согласки од западнокалахарскиот јазик [[кое (јазици)|кое]], кој пак им пренел намален инвентар на чкрапави согласки на соседните јазици [[мбукшу (јазик)|мбукшу]], [[квангалски јазик|квангалскиот]], [[дирику (јазик)|дирику]], [[кухане (јазик)|кухане]] и [[фуе (јазик)|фуе]] во [[Ангола]], [[Намибија]], [[Боцвана]] и [[Замбија]].<ref>Derek Nurse & Gérard Philippson (2003) ''The Bantu languages,'' стр. 31&ndash;32</ref>
 
Постојат и три малцински јазици во источна Африка што користат чкрапави согласки: [[сандаве (јазик)|сандаве]] и [[хаѕа (јазик)|хаѕа]] во [[Танзанија]] и загрозениот [[кушитски јазици|јужнокушитски јазик]] [[дахало (јазик)|дахало]] во [[Кенија]] кој има чкрапави согласки само во неколку десетици зборови. Се смета дека таму се остаток од јазично поместување.