Избришана содржина Додадена содржина
Ред 31:
 
::Бугарската нација, како и секоја друга нација, се јавува со појавата на граѓанската класа, просветителството и многу други општествено-политички фактори, а пред се постоењето на чувство/свест за заедничка припадност. Всушност, дури на крајот од [[18 век]], Пајсиј Хилендарски го пишува првото значајно дело за бугарската нација, изјавувајќи, "Не се срами да се наречеш Бугарин!". Секако, полека бугарското национално чувство се развивало меѓу граѓанската класа, која единствено, како образована, и можела да развива таква свест. Значењето на таа свест, во историска смисла, највеќе е во тоа што, тоа било една од првите знаци на отпор против султановиот феудален систем. Останатото население, веројатно, уште живеејќи во полуфеудално уредување, ниту имало национална свест, ниту пак чувство за заедничка припадност, дури до почетокот на 20 век. Еден бугарски теоретичар - Александар Балан се викаше, мислам, вели дека "не е невообичаено дури сега (се мисли на почетокот на 20 век), нашиот селанец да каже Христијанин како националност во суд". [[Стефан Влахов Мицов]], исто така, бугарски теоретичар, но од поново време, има објаснување зошто на пример, македонски преродбеници се нарекувале "Бугари", т.е. не како чувство за припадност кон некаква Бугарска нација, туку како политичка рамка за ''заедничка'' борба против Турците. Има уште работи тука да се зборува, ама сега немам време. --[[Корисник:FlavrSavr|FlavrSavr]] 14:24, 16 Февруари 2006 (UTC)
 
::Во крајна линија, просто кажано, се работи за сосема погрешен пристап кон историските процеси, кој се прави со свесни или несвесни шовинистички претензии. Исходот на таквата архитектура на мислење може да изгледа смешно ако се примени во некои историски ситуации - Французите порано се нарекувале Франки, а Франките се германско племе, оттаму, Французите се Германци. Секако, и Македонците имаат такви бисери, но тие најчесто се прават како одбрана од националистичките митологии на соседите. Сепак, нема оправдување за нив. Последна таква глупост што слушнав е дека Античките Македонци (којшто во никој случај не можат да се поистоветуваат со модерните Македонци), биле Словени, па згора на се, ја измислиле и кирилицата! --[[Корисник:FlavrSavr|FlavrSavr]] 14:33, 16 Февруари 2006 (UTC)