За македонцките работи: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Во книгата Мисирков зборува не само за јазични работи, туку и за актуелни политички, самобитноста на Македонците од политиколошки и научен
Важно е да се спомене и наведе ова, ќе следи и референца/фуснота на која страна го има напишано во книгата
Ред 14:
| isbn =
}}
'''„За македонцките работи“''' е [[книга]] напишана од [[Крсте Петков Мисирков]] и објавена во [[Софија]] во [[1903]] година. Книгата ги претставува погледите на еден од најголемите [[македонист]]и и национални дејци кон македонското прашање, националната свест и пред сè кон [[македонскиот јазик]]. Во книгата се обработуваат тематики поврзани со основање на стандарден македонски јазик, [[Правопис на македонскиот јазик|правопис]] и [[Македонска азбука|азбука]], политиколошки поглед на тогашната актуелна политичка состојба во [[Македонија]] по [[Илинденско востание|Илиденското востание]], како и научно-теоретски погледи за самобитноста и посебноста на [[Македонци|македонскиот народ (нација)]] со историски пристап кон настанокот на другите европски и словенски народи.
 
== Содржина на книгата ==
 
Книгата на Мисирков е политичка анализа на положбата на македонскиот народ и предлог-програма за [[Македонско националноослободително движење|македонското националноослободително движење]]. Истовремено, таа ја разоткрива асимилаторската [[политика]] на соседните земји насочена против македонскиот народ и против македонскиот јазичен, културен и етнички идентитет. Во самата книга, тој 10 години пред Балканските војни и Букурешкиот мировен договор, ја предивидува поделбата на [[Македонија]] меѓу балканските држави, предлагајќи обединување на сите македонски народности, како и интелектуални, револуционерни и ослободителни сили и движења во една и заедничка борба за ослободување на [[Македонија]] и истовремено предлага воведување на терминот ''Македонец/[[Македонци]]'' во официјална употреба за македонското словенско население во вилаетите на Отоманската империја на подрачјето на [[Македонија]].
 
Книгата „За македонцките работи“ била испечатена во 1903 година во Софија, тогашно Царство Бугарија, и била печатена во т.н. „Либерален клуб“. Самата книга има над 120 страници и поделена на пет дела и предговор. Четири од петте поглавја се всушност и говори кои Мисирков ги читал на состаноците на македонскиот литературен кружок во Русија. Поглавјата на книгата се: