Историја на Пиринска Македонија (1913 - 2005): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
==Појава на именувањето и терминот Пиринска Македонија==
 
Употребата на термиот Пиринска Македонија за прв пат се среќава кај [[Димитар Влахов]], поточно во неговата статија „Македонските славјани против Гитлер“, објавена во списанието „Славјане“ во [[Москва]] на [[4 септември]] [[1942]] година, а истиот термин од истиот автор повторно ќе биде употребен и во статијата „Македонскиот народ во борба за своето обединување“ што била објавена во истото списание на [[4 април]] [[1944]] година<ref>Јотевски, Васил. ''Националната афирмација на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија 1944-1948''. ИНИ, Скопје, 1996. стр. 5</ref>. Овие изрази што ги употребил [[Димитар Влахов]] во споменатите статии, биле прифатени и „верифицирани“ како такви, во материјалите од Второто (односно Првото вонредно) заседание на [[АСНОМ]] што било одржано во [[Скопје]] од 28 - 30 декември [[1944]], при што од тогаш па се до денес ќе се задржи именувањето [[Пиринска Македонија]] и соодветно Вардарска и Егејска за останатите делови на [[Македонија]] во науката, дневниот печат, политиката, секојдневниот живот и културата<ref>Јотевски, Васил. ''Националната афирмација на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија 1944-1948''. ИНИ, Скопје, 1996. стр. 5</ref>.
 
== Македонско (Кресненско) востание ==