Историја на Пиринска Македонија (1913 - 2005): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 21:
Во текот на Втората светска војна, [[Пиринска Македонија]] како дел од [[Царство Бугарија]], прво ќе го крене својот глас за ослободување и обединување со останатите делови на [[Македонија]]{{факт}}. На територијата на Пиринска Македонија уште во 1941 година ќе се оформат партизански одреди под раководство на македонскиот комунист од овој крај [[Никола Парапунов]], а токму во Пиринска Македонија ќе се одигра и првата вооружена борба против бугарската фашистичка војска{{факт}} и воопшто првата вооружена битка против фашистичка армија на Балканот. На [[1 јули]] [[1941]] година, помал партизански одред под водството на македонецот [[Иван Козарев]] ќе ја нападне бугарската фашистичка полиција кај [[Разлог]], со што официјално ќе започне вооружената борба на македонскиот и останатите балкански народ кон фашистичките окупатори.{{факт}} Во периодот на Втората светска војна, Пиринска Македонија и целиот македонски народ ќе го загуби еден од најголеми македонски национални дејци и поети од овој крај [[Никола Вапцаров]], кој ќе биде стрелан од бугарските фашисти во Софија во [[1942]] година. Во Пиринска Македонија во август [[1943]] година ќе бидат и забележани првите активности на [[Македонска народна федерална организација|Македонската народна федерална организација]], која поактивно ќе дејствува во периодот на националната афирмација и слобода на Македонците во Пиринска Македонија, од 1944 до 1948 во времето на владеењето на [[Георги Димитров]].
 
=== ПрипојувањеЗапочнување на процесот за припојување на Пиринска Македонија кон Вардарска Македонија ===
 
[[Георги Димитров]], водачот на [[Отчествен фронт|Отечествениот фронт]] и првиот пртеседател на НР [[Бугарија]] кој по мајчина страна имал македонско потекло од околината на [[Разлог]], е единствениот бугарски [[државник]] кој не само што ги признал постоењето на македонскиот народ како посебен словенски народ, [[македонски јазик|македонскиот јазик]] како посебен [[словенски јазик]], македонската историја и [[Република Македонија]] (тогаш [[Социјалистичка Република Македонија|Народна Република Македонија]]) како национална држава на [[Македонци]]те, туку и се залагал за целосно обединување на [[Македонија]] во рамките на [[Балканска Федерација]].