Станбен кредит: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
создавање нова статија
 
Ред 37:
== Каматни стапки на станбените кредити ==
Поради долгиот рок на достасување, станбените кредити во Македонија се одликуваат со променливи каматни стапки и така банките се заштитуваат од [[каматeн ризик |каматниот ризик]] и од ризикот од [[инфлација]]. Сепак, банките нудат и станбени кредити за кои, во почетниот период (една или три години), каматната стапка е постојана. Наспроти тоа, во развиените земји, поголем дел од станбените кредити се одобруваат со постојани каматни стапки. Во тој поглед, треба да се забележи дека интересите на банките и на потрошувачите се разликуваат: потрошувачите претпочитаат кредити со постојана каматна стапка, зашто така можат да ги планираат своите [[расходи]]. Од друга страна, банките повеќе се наклонети кон кредити со променливи каматни стапки, како начин на заштита од ризиците. Во продолжение, висината на каматната стапка на станбените кредити зависи и од видот на обезбедувањето. На пример, кредитите обезбедени со залог на девизен депозит вообичаено се одликуваат со пониски каматни стапки од другите станбени кредити. Најпосле, каматните стапки на кредитите со валутна клаузула се пониски за неколку проценти поени во однос на чисто [[денар]]ските кредити.<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'' (второ издание). Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 165.</ref>
 
 
Покрај каматата, банките остваруваат и приходи од разни провизии и надоместоци коишто ги наплаќаат на станбените кредити: речиси сите банки наплаќаат провизија за предвремена отплата на кредитот, којашто се движи од 1% до 2%; уште при поднесувањето на барањето за кредит, банките наплаќаат одреден износ од 300 или 500 денари; тука е и еднократната провизија за одобрување на кредитот (на пример, 1,25%); од денот на одобрувањето на кредитот до денот на неговото користење, банките пресметуваат интеркаларна камата; најпосле, банките наплаќаат и бројни други трошоци поврзани со проценувањето на вредноста на имотот што се става под хипотека, [[осигурување]]то на имотот итн.<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'' (второ издание). Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 165.</ref>
 
 
Станбените кредити се отплаќаат во еднакви рати, коишто се состојат од отплата на главницата на долгот и одредена камата. Притоа, кредитот се отплаќа на еднакви месечни рати. Иако износот на месечната рата цело време останува непроменет, онака како што се отплаќа кредитот, постојано се менува односот меѓу отплатата и каматата. Имено, со текот на времето доаѓа до зголемување на отплатата на долгот, а истовремено се намалува износот на каматата. Всушност, на почетокот од отплатата на кредитот, потрошувачот претежно плаќа само камата, а помал дел отпаѓа на отплата на основниот долг. Наспроти тоа, во подоцнежните години, поголем дел од месечната рата се состои од отплата на кредитот, а мал дел отпаѓа на каматата. Износот на месечната рата зависи од три фактори:<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'' (второ издание). Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 166.</ref>
Ред 48 ⟶ 50:
 
 
Фактот дека износот на месечната рата се намалува преку зголемување на рокот на достасувањето на кредитот често го користат банките при рекламирање на станбените кредити. Меѓутоа, пониската месечна рата воопшто не значи и помал финансиски трошок за корисникот на кредитот. Напротив, при непроменети други услови, колку е подолг рокот на достасувањето на кредитот, толку е поголем вкупниот финансиски трошок што го поднесува должникот. На пример, на кредит од 1 000 000 денари, со каматна стапка од 10% и со рочност од 10 години, должникот плаќа месечна рата од 13 220 денари. Тоа зна-чизначи дека вкупниот финансиски трошок за време на користењето на кредитот, т.е. вкупниот паричен износ што треба да го врати должникот изнесува 1 586 400 денари. Ако истиот кредит се отплаќа на 20 години, месечната рата ќе биде значително пониска (9 650 денари), но во тој случај, должникот ќе треба да врати вкупно 2 316 000 денари.<ref>Горан Петревски, ''Управување со банките'' (второ издание). Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 167.</ref>
 
 
== Наводи ==