Црвени крвни зрнца: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
DDvl (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Одбиени последните 3 промени во текстот (од DDvl) и вратена ревизијата 2701587 на Justincheng12345-bot
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[Податотека:Redbloodcells.jpg|thumb|150px|right|Црвени крвни клетки (еритроцити)]]
'''Еритроцитите''' се ''црвените крвни [[Клетка|клетки]]''. Тие се едни од [[Формативни елементи на крвта|формативните елементи на крвта]], покрај [[леукоцит]]ите и [[тромбоцит]]ите. Еритроцитите имаат форма двојно вдлабнат диск, со должина од 7- 8 микрони и ширина 2 микрони. Кај човекот тие не содржат [[Клеточно јадро|јадро]] и затоа имаат кус [[живот]]ен век (од 80 до 120 дена). Внатрешноста на еритроцитите е исполнета со т.н. крвен [[пигмент]] [[хемоглобин]] преку кој се пренесува [[кислород]] од [[белите дробови]] до сите делови на телото. По пат еритроцитите ги собираат отпадните материи и ги носат во белите дробови, од каде тие се издишуваат во форма на [[јаглендиоксид]]. Бројот на еритроцитите варира во зависност од [[пол]]от.
 
Ако нема доволно црвени крвни зрнца, тогаш човек може да се чувствува исцрпен и слаб. Тој може да биде блед и лесно да се заморува затоа што телото не го добива сиот кислород што му е потребен. Недостатокот на еритроцити се вика [[анемија]],[[слабокрвност]].
Црвените крвни клетки – '''еритроцитите''' ја имаат функцијата да транспортираат [[Хемоглобин|хемоглобин]] (Hb), кој се врзува за [[кислород|кислородот]] и го носи до сите [[клетка|клетки]] во телото преку циркулацијата и [[Крв|крвта]].
{{никулец}}
Останати функции на еритроцитите вклучуваат и дејство како одличен [http://en.wikipedia.org/wiki/Acid%E2%80%93base_homeostasis ацидо-базен] [[пуфер]] и како [[катализатор]] на реакцијата помеѓу водата и [[Јаглерод диоксид|јаглеродниот диоксид]], со што овозможуваат брз и ефикасен транспорт на CO2 од [[ткиво|ткивата]] до [[бел дроб|белите дробови]], преку водата во крвта.
 
== Морфологија ==
Еритроцитите се биконкавни дискови со големина на страните од 2,5 микрометри и 1 микрометар на средината и дијаметар од 8 микрометри. Волуменот им е околу 90 μm³.
 
Кај мажите, бројот на еритроцити во 1 mm³ крв е околу 5.200.000 (± 300.000), додека кај жени тој број е нешто помал и се движи од 4.400.000 до 5.000.000.
 
Во еритроцитите, хемоглобинот е секогаш во максимален број, на што одговара дека на 100ml еритроцити има 34g хемоглобин. Ова е и физиолошката граница на хемоглобинот во еритроцитите, повеќе не може да се врзе. Доколку хематокритот (процентот на крвни клетки во крвта – околу 40~45%) и количината на хемоглобин се во нормални граници, тогаш на 100ml крв: кај мажи има 15g Hb, а кај жени 14g Hb. Ова би значело доколку знаеме дека за 1g Hb се врзуваат 1,34ml О2, максималното ниво на кислород што може да се транспортира на 100ml крв би било еднакво на околу 20ml кислород кај мажи, односно 19ml кислород кај жени.
 
== Создавање на еритроцитите ==
Во пренатален живот:
* Во I триместар: во жолчното ќесе,
* Во II триместар: во хепарот + лиенот и лимфните јазли,
* Во III триместар: исклучиво во коскената срцевина.
Постнатално: коскената срцевина
 
Во првите 5 години од живот, сите коски создаваат еритроцити, но овој број драстично се намалува после дваесеттата година, кога срцевината на повеќето коски станува адипозна, со многу масно ткиво и останува само на першлените, стернумот и ребрата да поризведуваат еритроцити.
 
== Животен век на Еритроцитите ==
Од моментот на излегување од коскената срцевина, во циркулацијата, една клетка на Еритроцит ќе кружи 120 дена (просечно), пред да биде уништена. И покрај тоа што Ер немаат јадро, ендоплазматичен ретикулум и митохондрии, тие во себе имаат цитоплазматски ензими, кои можат да ја разградуваат глукозата до мала количина на АТП. Овој АТП во Ер се користи за: (1) одржување на еластицитетот на мембраната, (2) транспорт на јони низ мембраната, (3) одржување на правилната форма на железото во хемоглобинот и (4) спречување на оксидацијата на протеините во клетката.
За време на стареењето овие процеси успоруваат и ја прават еритроцитната клетка фрагилна. Кога оваа фрагилност ќе стане голема, клетката про поминување низ некој од тесните капилари, може да пукне и да се уништ. Најчесто ваквото самоуништување се одвива лиенот, во неговата црвена пулпа. Низ тоа место мораат да поминат сите Ер, а дијаметарот меѓу трабекулите е два пати помал од нормалниот дијаметар на еритроцитите, што значи дека фрагилните Ер, нема да можат да поминат и ќе бидат уништени.
 
== Генеза на крвни клетки ==
Сите крвни клетки, својот живот го започнуваат од една клетка, наречена [http://en.wikipedia.org/wiki/Hematopoietic_stem_cell плурипотентна хематопоезна матична клетка] (PHSC). После секоја нова продукција на крвни клетки, мал дел од новосоздадените клетки ќе бидат PHSC, додека останатите се диференцираат во унипотентни матични клетки, од кои настануваат одделните крвни клетки ([http://en.wikipedia.org/wiki/Colony-forming_unit Colony forming unit]).
 
Растењето и репродукцијата на матичните клетки се контролирани од повеќе протеини наречени индусери на раст. Опишани се 4 главни протеини кои делуваат како индусери на раст. Покрај овие индусери, има и протеини кои делуваат како индусери на диференцијација. Овој вид на индусери предизвикуваат диференцијација на унипотентните матични клетки да станат готови и зрели крвни клетки.
 
=== Фази на диференцијација на еритроцитите ===
Првата клетка од која започнува созревањето на еритроцитите е проеритробластот. Под правилна стимулација, голем број на вакви клетки се создаваат од CFU-E.
По создавањето на проеритробластот, се создава првата генерација клетки, наречени базофилни еритробласти. Во оваа фаза клетките имаат апсорбирано многу малку хемоглобин. Со секоја наредна сукцесивна делба еритробластот се полни со се повеќе хемоглобин, а јадрото се повеќе се намалува, заедно сосите цитоплазматични органели. Како ретикулоцити излегуваат од коскената срцевина преку диапедеза во крвните капилари, каде целосно созреваат во еритроцити, за 1 до 2 дена.
 
=== Улога на еритропоетинот ===
Количината на еритроцити во крвта е регулирана во тесни граници, како не би дошло до: (1) неадекватен број на еритроцити и премалку кислород до клетките, (2) преголем број, со што се спречува теењето на крвта, поради презаситеност и нарушен хематокрит.
 
Ткивната оксигенациј е главен фактор за регулација на еритропоезата, што би значело дека било кој процес што ја намалува оксигенацијатана ткивото, преку негативна повратна врска, предизвикува активирање на PHSC и создавање на нови еритроцити.
 
Главен и одговорен стимулус за еритропоезата е гликопротеидниот хормон – Еритропоетин. Без него ткивната хопоксија би немала никаков ефект брзи еритропоезата.
 
Во нормални случаеви, 90% од еритропоетино се создава во бубрезите, а остатокот во хепарот. Значи, кога ќе дојде до ренална хипоксија, се зголемува Hypoxia - Inducable Factor - 1 (HIF-1), кој доведува до зголемена транскрипција и транслација на генот за еритропоетин.
 
Но, во одделни случаеви коа има хипоксија во одредени делови од телото, но не во бубрезите, повторно се лачи еритропоетин. Од што може да се заклучи дека има уште некој систем кој го контролира еритропоетинското лачење. Исто така, адреналинот и норадреналинот го зголемуваат нивото на еритропоетинот.
 
Доколку во организмот се јави хипоксија, за неколку минути почнува лачењето на еритропоетин, кое го достигнува својот пик за 24 часа. Но, првите созреани еритроцити се појавуваат по 5 дена. Вредно е да се спомене дека и покрај тоа што го контролира создавањето на еритроцити, еритропоетинот, исто така и го забрзува нивниот раст и развој. Ова високо ниво на лачење, прекинува и се враќа во нормала, кога повеќе нема да има хипоксија.
 
== Созревање на еритроцити ==
За правилен раст и развој на еритроцитите потребни се витамините Б12 (цијанокобаламин) и Б9 (фолна киселина). Овие витамини се потребни за создавање тимидин трифосфат, кој е најважен за создавање на ДНК, што значи со нивно намалено ниво доаѓа до несозревање на јадрото и целосно несозревање на еритробластот.
 
[[Категорија:Крв]]