Македонски фронт: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.3) (Робот: Менува en:Macedonian front
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''МакедонскиМакедонскиот фронт''' (познат и како '''Солунски фронт''' или '''Јужен''') е иметофронт коештона сетериторијата користина за фронталната линија[[Македонија]], на која што се водат вооружени судири во текот на [[Првата светска војна]] помеѓу силите на [[Антанта]]та и [[Централни сили|Централните сили]] на територијата на [[Македонија]], во периодот од октомври [[1915]] до септември [[1918]] година. Фронтот се протега од демаркационата линија кај [[Охрид]] (меѓу градот и манастирот [[Свети Наум]]), преку планината [[Галичица]], [[Преспанско Езеро|Преспанското Езеро]], сртовите на планините [[Баба (планина)|Баба]], [[Ниџе]] (Кајмакчалан) и [[Беласица]], долж реката [[Места]] се до Орфанскиот залив во [[Егејското Море]]. Јужно од оваа линија се стационирани силите на Антантата (француски, британски, српски, а подоцна и италијански и грчки единици), а северно од неа се групите на Централните сили (бугарски, германски и австро-унгарски единици).
 
По влегувањето на [[Бугарија]] во Првата светска војна на страната на Централните сили, нејзината Втора армија есента [[1915]] година ги зазема македонските градови [[Куманово]], [[Штип]], [[Велес]] и [[Скопје]]. Пролетта [[1916]] година потпомогната од своите германски и австро-унгарски сојузници, ја освојува Рупелската Теснина и, навлегувајќи во источниот дел на [[Егејска Македонија]], ги зазема градовите [[Сер]], [[Драма]] и [[Кавала]]. Кон средината на август истата година бугарските сили, предводени од генерал [[Климент Бојаџиев]] ги разбиваат трупите на Антантата на просторот Добро Поле - Баница - [[Лерин]] и продирајќи кон [[Костур (град)|Костур]] го заземаат [[Лерин]] со околните населби.
 
Со влегувањето на [[Романија]] во војната кон крајот на август 1916 година бугарските сили преминуваат во одбрана. На [[11 септември]] [[1916]] година силите на Антантата, предводени од францускиот генерал [[Морис Сарај]], преминуваат во контраофанзива во правецот на Горничево и [[Битола]]. Во жестокиот судир кај Горничево, српско-француските трупи ја пробиваат одбраната на бугарската Прва армија принудувајќи ја на повлекување. На [[19 ноември]] тие ја заземаат [[Битола]]. По тешките тримесечни борби офанзивата на силите на Антантата спласнува и настанува затишје на целиот фронт.
 
Во текот на [[1917]] и првата половина на [[1918]] година, се водат повеќе позициони борби од локално значење кај р. [[Струма]], [[Црна Река]] и долж Вардарската Долина, кои нема да предизвикаат некои поголеми територијални промени.