Музеј на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 53:
}}
 
'''Музејот на Македонија''' е комеплексна институција која се состои од Археолошкиот, Етнолошкиот, Историскиот оддел и Одделот за уметност, а која денес се наоѓа на крајот од [[Стара скопска чаршија|старата чаршија]], под [[Скопско кале|скопското Кале]].

== Историја ==
Првиот Археолошки музеј во Македонија е формиран во 1924 год., а во 1945 год. е востановен Народниот музеј на Република Македонија. Музејските збирки биле сместени во [[Куршумли ан]], во зградата на „Метропол“ (плоштад Македонија) и во една зграда на тврдината Кале, која биле урната во катастрофалниот земјотрес во 1963 год. Во 1949 година посебните одделенија во Народниот музеј се трансформираат во Археолошки музеј на Македонија и Етнолошки Музеј на Македонија. Почетоците на Историскиот оддел датираат од 1952 год., кога е формиран Музејот на НОБ. Во 1953 год. е основан Историскиот музеј на Македонија со формирање на посебно одделение за истражувањње на Илинденското востание од 1903 година. Во 1976 год.е изграден музејскиот комплекс во кои и денес е сместен Музејот на Македонија, а чија вкупна површина на изнесува 9560 м<sup>2</sup>. Во 1984 год. трите музеи се интегрираат во комплексна институција Музеј на Македонија - Археолошки, Етнолошки и Историски, во 1991 год. во рамките на музејот е формиран и посебен Оддел за уметност.
 
== Дејност ==