Чајна билка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ZéroBot (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 22:
Чајната билка потекнува од [[Јужна Азија|јужна]] и [[југоисточна Азија]], но денес се одгледува ширум светот, во тропски и суптропски краишта. Растението е зимзелена [[грмушка]] или мало [[дрво (растение)|дрво]] кое се кастри до под два метра кога се одгледува за лисјата. Има силен [[главен корен]]. Цветовите се жолто-бели, со пречник од 2.5–4 см и 7 до 8 ливчиња.
 
Семињата на оваа билка и билката [[маслодајна камелија]] (''[[Camellia oleifera]]'') се притискаат за добивање на [[чајно масло]], сладок додаток и масло за готвење (кое сепак не е исто што и [[масло од чајно дрво|маслото од чајно дрво]]). Ова е [[есенцијалноетерично масло]] кое се користи за медицински и козметички цели и се добива од листовите на различни растенија.
 
Листовите се долги 4–15 см долги и широки 2–5 см широки. Свежите листови содржат околу 4% [[кофеин]]. Младите, светлозелени листови се претпочитаат за производство на чај; на опачината имаат кратки влакненца. Постарите листови пак, се со потемна зелена боја. Квалитетот на чајот зависи од староста на листовите, заради нивниот хемиски состав. Обично врвот (пупката) и првите 2-3 листа се оние кои се берат за чај. Оваа рачна берба се повторува секоја недела до две.
 
== Сорти ==