Тетовирање (филм): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: Промена на шаблон: Инфокутија Филм; козметички промени
сНема опис на уредувањето
Ред 8:
| writer = [[Мирко Ковач]]
| narrator =
| starring = [[Столе Аранѓеловиќ]]
[[Мето Јовановски (актер)|Мето Јовановски]]
[[Љиљана Меѓеши]]
[[Јовица Михајловски]]
[[Кирил Поп-Христов]]
[[Светозар Цветковиќ]]
[[Зоран Цвијановиќ]]
[[Александар Чамински]]
[[Данчо Чевревски]]
| genre = [[Драма]]
| music = [[Љупчо Константинов]]
Ред 28:

'''''Тетовирање''''' е [[Македонска кинематографија|македонски]] [[филм]]-[[драма]] од [[1991]] година, режиран од [[Столе Попов]], со [[Столе Аранѓеловиќ]], [[Мето Јовановски (актер)|Мето Јовановски]], [[Љиљана Меѓеши]], [[Јовица Михајловски]], [[Кирил Поп-Христов]], [[Светозар Цветковиќ]], [[Зоран Цвијановиќ]], [[Александар Чамински]] и [[Данчо Чевревски]] во главните улоги.<ref name="MIFC">{{цитирана веб страница|url=http://www.maccinema.com/filmovi_detali.asp?IDMAKFILM=54|title=Тетовирање| publisher=Македонски Информациски Филмски Центар|accessdate=2008-09-04}}</ref> За овој филм, [[Столе Попов]] се здобива со наградата „''Златна мимоза''“ на ''Филмскиот фестивал'' во [[Херцег Нови]] во [[1991]] година за најдобра режија. <ref name="MIFC"/> Неофицијално, ''Тетовирање'' е и првиот [[Листа на македонски филмови понудени за номинација за Оскар|македонски филм понуден за номинација за престижната филмска награда Оскар]], но истиот не е прифатен од Академијата. <ref>Всушност, ''Американската Филмска Академија'' објавува дека примила четири апликации од новоформираните земји - [[Ерменија]], [[Хрватска]], [[Македонија]] и [[Словенија]] - но дека истите не се прифатени поради тоа што наведените земји не биле меѓународно признаени; сепак, речиси е невозможно [[Македонија]] да понудила друг филм, со оглед на тоа што во наведената година, покрај ''Тетовирање'' е снимен само уште еден филм - ''[[Љубовта на Кочо Топенчаров]]'' и истиот е документарец во должина од 13 минути (за потврда, посетете ја [http://www.maccinema.org.mk/hronologija_detali.asp?Year=1991 статијата од хронолошкиот преглед на МИФЦ за 1991 година]).</ref> <ref name="Wiki">{{цитирана веб страница|url=http://en.wikipedia.org/wiki/Submissions_for_the_64th_Academy_Award_for_Best_Foreign_Language_Film|title=Листа на понуди за најдобар странски филм на 64тото доделување на наградата Оскар|publisher=Wikipedia, The Free Encyclopedia |accessdate=2008-15-09}}</ref>

== Содржина ==
{{Разоткривање}}

Дејството на филмот е сместено во летото [[1989]] година и го следи животот на работникот Илија ([[Мето Јовановски (актер)|Мето Јовановски]]), кој по низа апсурдни настани, иако потполно невин, завршува во затвор, обвинет за убиство, а подоцна и убиен од еден специјалец.

Илија, кој и инаку, според својот нескротлив темперамент како да е предодреден да биде во конфликт со официјалните сили што го „''штитат''“ поредокот - [[комунизам|комунистичкиот режим]] во распад - по една караница со сопругата ([[Љиљана Меѓеши]]) го напушта домот со единственото што го поседува, празниот куфер.<ref name="MIFC"/> Откако им станува сомнителен на двајца полицајци кои го забележуваат на железничката станица, завршува во ''Истражниот затвор'' каде е подложен на „''вербална и физичка тортура''“ <ref name="MIFC"/>. Иако малтретиран од затворските чувари и вистинските криминалци и иако дел од една истражна постапка која непрестајно се одолговечува, невиниот Илија оправдано очекува да биде ослободен од причини што, покрај својата невиност, на негова страна го има и таткото на неговата жена, кој е познат адвокат.