Ирачка војна: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 3:
==Кризата околу Ирак==
 
Уште од времето на [[Заливска војна|Заливската војна]], [[Ирак]] беше принуден да соработува со [[Обединети Нации|Обединетите Нации]] во однос на уништувањето на своето оружје за масовно уништување. Прашањето со оружјето за масовно уништување во Ирак се актуелизира неколку месеци по [[напади од 11 септември 2001 година|нападите од 11 септември 2001 година]]. Американската влада почна да инсистира дека Ирак сè уште поседува [[оружје за масовно уништување]] и дека поради тоа претставува закана за светскиот мир. Истовремено, од летото [[2002]] година американски и британски авиони почнаа да вршат бомбардирања во [[зони за забранети летови|зоните за забранети летови]]. Подгревајќи ја воената атмосфера, [[Конгресот на САД]] на [[16 октомври]] усвои Одобрение за употреба на воена сила. ОН беа принудени да испратат нови инспектори за да ја утврдат основаноста на американските обвинувања. Новата мисија инспектори, предводени од [[Ханс Бликс]], започна со работа на [[18 ноември]] 2002 и покрај сите инспекции, не можеа да утврдат постоење на оружје за масовно уништување.
 
И покрај тоа, како и покрај тоа што не успеа да го убеди [[Совет за безбедност на ОН|Советот за безбедност на ОН]] да одобри воена акција против Ирак, САД на [[17 март]] 2003 упати ултиматум до Садам Хусеин да го напушти Ирак и, по неговото одбивање да го направи тоа, на [[20 март]] ја започна инвазијата врз Ирак. Постапувајќи на таков начин, САД и неговите сојузници ја прекршија [[Повелба на ОН|Повелбата на ОН]]. Тоа го потврди и тогашниот генерален секретар на ОН, [[Кофи Анан]], кој во својата изјава од [[16 септември]] [[2004]] година изјави за инвазијата: „Посочив дека таа не е во согласност со Повелбата на ОН. Од наша гледна точка, од гледна точка на Повелбата, таа беше нелегална.“