Книжевност: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување, викификација
дополнување, обновување
Ред 61:
 
Народната литература води потекло од митологијата. Од обредните песни посветени на божествата и од митолошките приказни подоцна се развиле нови литературни творби познати како народна литература.
 
== Поделби на литературата ==
 
1. Во минтото литературата усно се пренесувала од [[колено]] на [[колено]]. Кај неа тешко можело да се определи авторството, па затоа е позната како анонимна, народна или колективна. По создавањето на писмото литературните творби биле запишувани и нивниот [[автор]] бил познат. Според авторството, литературата можеме да ја поделиме на:
* [[народна литература]] (анонимна, колективна, усна) и
* [[уметничка литература]] (авторска).
 
2. Според тоа каква форма употребил авторот при создавање на своето дело, литературата може да ја поделиме на:
* [[поезија]] ([[стих]]), и
* [[проза]].
 
Поезијата и прозата се двата начина на кои се пишува литературата. Тие се разликуваат надворешно (визуелно). Поезијата е стиховна организација на текстот со своја ритмика. Прозата, пак, е поблиска до секојдневниот [[говор]].
 
3. Според времето кога е создавана и според заедничките белези на творбите во определени периоди е направена историска поделба на литературата, односно периодизација (периоди, правци). Од најдалечното минато до денес во европската литература ги разликуваме следните периоди:
* [[антика]];
* [[среден век]];
* [[ренесанса]];
* [[барок]];
* [[клаицизам]];
* [[романтизам]];
* [[реализам]];
* [[модернизам]];
* [[постмодернизам]].
 
4. Според внатрешните својства на литературните дела, литературата се дели на родови:
* [[епика]];
* [[лирика]] и
* [[драма]].
 
Лирско-епските дела не се посебен род, туку претставуваат меѓурод каде лирските и епските елементи се испреплетени.
 
Родовите, пак, се делат на литературни видови.
 
== Литературна критика ==