Национален јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница, викификација, изменета категоризација
дополнување
Ред 7:
 
Националниот јазик е јазикот што го употребуваат сите припадници на една нација во својата држава, но и надвор од неа. Македонскиот јазик, освен во [[Македонија]] го говорат и Македонците во [[Егејска Македонија]] и [[Пиринска Македонија]], во [[Австралија]], [[Канада]], [[САД]] и секаде каде што ги има.
 
== Функции ==
Националниот јазик функционира преку две пројави:
 
1. Нестандардната пројава на јазикот е природно средство за [[комуникација]] која ги опфаќа: дијалектите, социолектите, жаргоните и другите форми кои немаат општонароден карактер. Овие форми на општење се употребуваат неофицијално во секојдневниот [[живот]]. Тие се карактеризираат со незадолжителен изговор на гласовите, разновидни морфосинтаксички средства, богата [[фразеологија]] итн.
Нестандардната пројава на јазикот може да се сретне и во усна и во писмена форма (многу поретко).
 
2. Стандардната пројава на јазикот е официјално средство за [[комуникација]]. Стандардниот јазик има точно определени правила за употреба (јазична норма). Јасно се дефинирани: изговорот на гласовите, граматичките правила и стандардизираната лексика. Се јавува во усна и писмена форма.
 
Во националниот јазик се содржани и нестандардните ([[дијалект]], [[жаргон]]), како и стандардните (литературниот јазик) форми на [[комуникација]].
 
== Извори ==