Летни олимписки игри 2012: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Мислам дека прегледот е доволно добар и ги опфаќа најважните настани игрите.
Ред 107:
== Краток преглед ==
* Во првиот круг од женскиот турнир во фудбал, организаторите направија превид, кога за време на натпреварот меѓу [[Колумбија]] и [[Северна Кореја]] на семафорот беше погрешно истакнато знамето на Јужна Кореја наместо она на Северна Кореја. Фудбалерките на Северна Кореја во знак на протест го напуштија игралиштето, а натпреварот започна со доцнење од повеќе од еден час откако грешката беше исправена.<ref>{{cite web |url=http://local.stv.tv/glasgow/112456-olympic-blunder-sees-north-korea-refuse-to-play-after-wrong-flag-raised/ |title=Hampden Olympic blunder sees North Korea delay game after wrong flag raised |last=Stuart |first=Gavin |work=stv.tv |date=25 јули 2012}}</ref> По завршувањето на натпреварот, членовите на организацискиот комитет на игрите испратија официјално извинување до Олимпискиот комитет на Северна Кореја.
* Игрите биле свечено отворени од страна на кралицата [[Елизабета II]], којашто стана првата личност која прогласила за отворени две Олимписки игри во две различни држави.
* Најуспешен натпреварувач на игрите бил американскиот пливач [[Мајкл Фелпс]], кој освоил 4 златни и 2 сребрени медали и со вкупно 22 освоени медали на Олимписките игри станал најуспешниот Олимпиец по бројот на освоени медал, соборувајќи го дотогашниот рекорд на советската гимнастичарка [[Лариса Латинина]] со 18 освоени медали. Со неговата победа во трката на 200 m мешано, тој станал првиот човек којшто успеал да освои златен медал во една иста дисциплина на три последователни Олимписки игри.
* Кинеската пливачка [[Је Шевен]] освоила две златни медали во трките на 200 и 400 m мешовито со само 16 години, поставувајќи нов светски рекорд во подолгата трка.
* По одигрувањето на два натпревара на турнирот во [[Бадминтон на Летните олимписки игри 2012|бадминтон]] во женска конкуренција бил извршен нивен детален преглед, откако се појавиле гласини дека и обете двојки, кои веќе имале обезбедено учество во понатамошните натпревари, се обиделе „намерно“ да ги загубат своите последни натпревари во групната фаза, со цел да бидат вкрстени со „полесни“ противници. Грешките од страна на овие двојки биле забележливи и преку негативните реакции од страна на присутните.
* Во [[стрелаштво]], [[Кимберли Роуд]] од САД победила во дисциплината стрелање глинени гулаби и го освоила својот трет златен и вкупно петти медал на Олимписките игри. Со тоа, таа станала првата жена која освоила три златни медали во стрелаштво и трет натпреварувач воопшто, по [[Ралф Шуман]] од [[Германија]] и [[Џин Џонг-ох]] од [[Јужна Кореја]].
* Тениските натпревари на терените на Вимблдон ги одбележала Американката [[Серена Влијамс]], која oсвоила два златни медали, поединечно и во двојки. На тој начин, таа станала првата тенисерка по [[Штефи Граф]], којашто успеала да освои „Златен Гренд Слем“, т.е. победи на сите Гренд Слем турнири и златен медал на Олимписките игри. Машкиот дел од турнирот бил одбележан со најдолгите два натпревара во Олимписката историја; златниот медал го освоил [[Енди Мареј]] со победата против [[Роџер Федерер]] во финалето.
* Љубителите на [[атлетика]]та биле срушени четири светски рекорди, меѓу кои и рекордот во женската штафетна трка на 4 х 100 m. Имено, штафетата на [[САД]] ја завршила трката во време од 40,82 s, што било за 55 стотинки подобро остварување од дотогашниот рекорд на штафетата на [[Источна Германија]] стар 27 години.
* [[Јусејн Болт]] победил во трките на 100 и 200 m, како и во штафетната трка на 4 х 100 m, со што станал првиот атлетичар којшто успеал да ги одбрани титулите во овие трки освоени на претходните Олимписки игри.
* Во атлеткската трка на 400 m, златниот медал го освоил 19-годишниот [[Кирани Џејмс]] од Гренада, кој на својата земја ѝ го донел првиот медал од Олимписките игри.
* За време на една од квалификациските трки на 800 m, алжирскиот атлетичар [[Тауфик Махлуфи]] престанал да трча и го напуштил тартанот само по претрчани 200 m. Според пројавените гласини, Махлуфи „намерно“ ја напуштил трката, со цел да може подобро да се подготви за трката на 1500 m. Веднаш потоа, тој бил отстранет од игрите од страна на [[Меѓународна атлетска федерација|Меѓународната атлетска федерација]], која го обвинила за недавање на искрен напор, нарушувајќи го олимпискиот идеал. Сепак, по поднесената жалба од страна на алжирските службени лица дека всушност станувало збор за мала повреда на коленото, му било дозволено учество во трката на 1500 m, во којашто Махлуфи го освоил златниот медал.
* Во натпреварите во [[Фудбал на Летните олимписки игри 2012|фудбал]], репрезентативките на [[САД]] го освоиле третиот златен медал на Олимписките игри едноподруго. Машкиот турнри завршил со победа на репрезентативците на [[Мексико]], коишто го освоиле првото олимписко злато во фудбал за својата земја, откако во финалето ја победиле фаворизираната репрезентација на [[Бразил]] со 2-1.
* На одбојкарскиот турнир, репрезентацијата на [[Русија]] го освоила златниот медал со победата од 3-2 над [[Бразил]] во финалето, откако бразилските одбојкари не успеале да искористат две меч-топки при водство од 2-0 во третиот сет. Сепак, женската репрезентација на Бразил го одбранила златниот медал од [[Летни олимписки игри 2012|игрите во Пекинг]], совладувајќи ја репрезентацијата на [[САД]] со 3-1 во финалниот натпревар.
 
== Спортови ==