Федерико Гарсија Лорка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Лорка како музичар: ситна поправка
ситна поправка
Ред 19:
 
 
Најпознати песни му се: "Неверна жена", "Плач за Игнасио Санчес Мехијас" (напишана по повод смртта на големиот пријател на Лорка - славниот шпански тореадор во август 1935 година) и "Романса на шпанската жандармерија".<ref>Tanasije Mladenović, "F.G. Lorka", во: Lorka, ''Pesme''. Beograd: Rad, 1964, стр. 99-107.</ref>
 
 
Во едно писмо, Лорка вака ја опишал својата книжевна постапка:
"Сега пишувам поезија за да се отворат вените, со емоција во која се огледува целата моја љубов кон нештата и мојата радост кон нештата. Љубовта на смртта и фарсата на смртта. Љубовта. Моето срце. Така е тоа. По цел ден развивам, како некаква фабрика, поетска активност".<ref>Tanasije Mladenović, "F.G. Lorka", во: Lorka, ''Pesme''. Beograd: Rad, 1964, стр. 106.</ref>
 
== Лорка како музичар ==
 
Лорка уште како дете покажувал голем музички талент, а подоцно, со години студирал музика и сонувал да постане музичар, а истовремено бил пријател со [[Мануел де Фаља]]. Лорка ги собирал и забележувал народните песни кои често ги хармонизирал и обработувал и често ги изведувал на клавир и ги пеел. Поради својата музичка дарба, уште во текот на животот го нарекле "Андалузиски славеј".<ref>Tanasije Mladenović, "F.G. Lorka", во: Lorka, ''Pesme''. Beograd: Rad, 1964, стр. 99-107.</ref>
 
== Наводи ==