Ајри Демировски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
== Биографија ==
Демировски е роден во [[1927]] година во [[Битола]]. По ослободувањето бил првиот испратен ученик од Битола во [[Загреб]] во графичкото училиште да го изучува печатарскиот занает. Но, во Битола тој никогаш не работел како печатар. Се вработил како чувар во [[Радио Битола]]. Работејќи во радиото имал несекојдневна прилика редовно да ги слуша во живо најпопуларните битолски и македонски пејачи. Тоа го поттикнало да почне да размислува во насока на создавање на нова македонска музика. Ајри Демировски има компонирано над педесетина песни. Негови се популарните: „[[s:Мариче ле, лично, девојче|Мариче ле лично девојче]]", „Таму ле мајко близу Битола", „Само ти се чудам Цвето", „Сношти те Маре сонував", „[[s:За кого ти цути Дано, лицето|За кого ти цути Дано лицето]]"„Денот ми наблиза на гурбет да заминам" и многу други, за кои се смета дека се народни, бидејќи се општоприфатени и пејани. Најпопуларната меѓу нив е неговата антологиска песна „Битола, мој роден крај", песна во која ја опеал својата огромна љубов кон родната Битола, песна која претставува неповторлив музички симбол и по која Битола ја препознаваат и распознаваат. Битолчани оваа песна ја прогласиле за песна на векот, а Демировски за почесен граѓанин на Битола во [[2006]] година<ref>{{цитирана веб страница|url=http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=68991|title=Ајри Демировски почесен граѓанин на Битола|date=17.10.2006|publisher=А1|language=македонски|accessdate=2010-01-10}}</ref>. Продукциската куќа '''ISR''' од [[Истанбул]] за Демировски подготвувала документарен филм во кој во финалната фаза се снимала во Битола кога екипата била затекната од тажната вест за смртта на Демировски<ref name="А1" />. Починал во [[Измир]], [[Турција]] на [[21 октомври]] [[2009]]<ref name="А1">{{цитирана веб страница|url=http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115303|title=Почина Ајри Демировски, автор на „Битола мој роден крај“|last=Стефановски|first=Пеце|date=22.10.2009 14:05|publisher=А1|language=македонски|accessdate=2010-01-10}}</ref> каде што живеел 25 години.
 
 
<blockquote>
Ред 21 ⟶ 20:
[[Категорија:Битолчани]]
[[Категорија:Македонци од Турција]]
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
[[en: Ajri Demirovski]]