Македонски народен сојуз: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
EvLa (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 11:
Поради отворената поддршка на левицата во САД и Европа, МНС наидува на пречки во своето дејствување. За да ги избегне етикетирињата како лeвичарска организација, што е сосема непопуларно, дури и опасно во времето на антикомунистичката хистерија во САД, МНС се прилагодува на новонастанатите околности. Така, во 1938 год. МНС е преименуван во Македонско-американски народен сојуз (Macedonian-American People's League), а од канадскиот дел на МНС е основан Македонско-канадски народен сојуз (МКНС). Соработката меѓу МАНС и МКНС останува иста, а поделбата е чисто формална. Во својата работа МАНС и МКНС се свртуваат повеќе кон решавање на проблемите на своите членови. И покрај преименувањето во МАНС, кое е поради избегнување на притисоците, организацијата и понатаму останува позната како Македонски народен сојуз.
 
Со започнувањето на [[Студена војна |Студената војна]] помеѓу довчерашните сојузници, САД и СССР, во САД се шири антикомунистичка хистерија и илјадници Американци се обвинувани за членство во забранетата Комунистичка партија на САД, или за нејзина поддршка. Тогаш, бројни организации во САД се обвинети за „субверзивност против американското општество“ и „соработка со непријателот“.
 
Последниот (деветнаесеттиот) редовен Конгрес на МАНС е одржан во септемви 1949. Потоа, со решение на државниот обвинител на САД, МАНС е распуштен и со тоа престанува неговата работа.