Индонезија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 72:
Низ своите бројни острови, Индонезија има различни етнички, лингвистички и религиозни групи. Јаванската етничка група е најголема и најдоминантна во политиката. Индонезија има развиено заеднички идентитет дефиниран со национален јазик, етничка разновидност, религиозен плурализам со муслиманско мнозинство и историја на колонијализам и отпор против колонијализмот. Националното мото на Индонезија „Bhinneka Tunggal Ika“ („единство во различноста“ или буквално „многу, а сепак едно“) јасно ја изразува разновидноста која ја обликува оваа држава. И покрај големиот број на жители и густо населените региони, Индонезија има огромни области со дивина благодарение на кои таа се наоѓа на второто место во светот со најголем степен на биодиверзитет. Земјата е богато обдарена со природни ресурси, но сепак сиромаштијата останува широко распространета во современа Индонезија.
 
===Етимологија===
Името Индонезија потекнува од латинскиот збор Indus и грчкиот збор nesos кои значат остров. Името датира од 18 век уште пред формирањето на независна Индонезија. Во 1850 година, Џорџ Винсдор Ерл, англиски етнолог, ги предложи термините Indunesians и Malayunesians (кој тој го претпочиташе) за жителите на Индискиот архипелаг или Малајскиот архипелаг. Во истата публикација, Џејмс Ричардсон Логан, ученик на Ерл го искористи терминот Indonesia како синоним за индискиот архипелаг. Сепак, холандските професори кои објавувале публикации во Источните Индии не сакале да го користат терминот Индонезија. Наместо тоа тие ги користеле термините Малајски архипелаг, Холандските Источни Индии, познати како Индии, Истокот па дури и Инсулинде.
 
Од 1900 година, името Индонезија стана поупотребувано во професорските кругови надвор од Холандија и индонезиските националистички групи го усвоија името како политички израз. Адолф Бастијан од универзитетот од Берлин, го популаризираше името преку неговата книга „Indonesien oder die Inseln des Malayischen Archipels, 1884-1894“. Првиот индонезиски научник кој го употребил ова име е Suwardi Suryaningrat ( Ki Hajar Dewantara), кога основал новинарско биро во Холандија во 1913 година, наречено Indonesisch Pers-bureau.
 
===Историја===
Фосилизираните остатоци од Homo erectus, познати како јавански човек, укажуваат дека Индонезискиот архипелаг е населен од пред два милиони до 500 000 години. Homo sapiens го населил регионот пред околу 45000 години. Австронезиските народи, кои го сочинуваат мнозинството од модерната популација, мигрирале во југоисточна Азија од Тајван. Тие пристигнале во Индонезија во 2000 година п.н.е и како што се ширеле низ архипелагот ги ограничиле староседелските Меланезиски народи во далечните источни региони. Идеалните земјоделски услови и усовршувањето на одгледувањето на ориз во 8 век п.н.е., овозможило развивање на селата, градовите и малите кралства до првиот век од нашата ера. Стратешката позиција на Индонезија поттикна меѓуостровска и меѓународна трговија, вклучувајќи и врски со индиските кралства и Кина кои беа основани неколку века пред нашата ера. Оттогаш трговијата суштински ја обликува индонезиската историја.
 
Ред 90:
Индонезија беше најтешко погодена земја за време на Азиската финансиска криза во деведесетите години. Ова го зголеми незадоволството од новиот поредок и доведе до протести низ целата држава. Сухарто поднесе оставка на 21 мај 1998 година. Во 1999 година Источен Тимор гласаше да се оддели од Индонезија по 25 годишната воена окупација која беше меѓународно осудена поради репресијата на жителите од Источен Тимор. По оставката на Сухарто, регионалната автономна програма ги зајакна демократските процеси и во 2004 година се случија првите директни претседателски избори. Политичката и економската нестабилност, социјалните немири, корупцијата и тероризмот го успоруваа процесот, но сепак, во последните пет години економијата е зајакната. Иако односите помеѓу различни религиски и етнички групи се во голема мера хармонични, се појави секташко незадоволство и насилство. Во 2005 година во Ацех се постигна политички договор за решавање на вооружениот сепаратистички конфликт.
 
===Владеење и политика===
 
{{Политики на Индонезија}}
Ред 99:
Повеќето граѓански спорови се решаваат во Државниот суд (Pengadilan Negeri), а жалбите се разгледуваат пред Високиот суд (Pengadilan Tinggi). Врховниот суд (Mahkamah Agung) е највисокиот суд во земјата и ги разгледува конечните жалби и вршат ревизија на случаите. Други судови се: Стопански суд кој се занимава со банкротирање и неликвидност, Државниот управен суд (Pengadilan Tata Negara) кој ги разгледува административно-правните случаи против владата, Уставен суд (Mahkamah Konstitusi) кој разгледува спорови кои се однесуваат на легалната оправданост на законите, општите избори , распаѓање на политички партии како и овластувањата на државните институции и Религиски суд (Pengadilan Agama) кој се занимава со случаи поврзани со кодифицираниот шеријатски закон.
 
===Надворешни работи и војска===
За разлика од анти-империјалистичката антипатија на Сухарто кон западните сили и тензиите со Малезија, надворешните работи на Индонезија по „новиот поредок“ на Сухарто се темелат на економска и политичка соработка со западните земји. Индонезија одржува блиски односи со азиските соседи и е основачка членка на Асоцијацијата на земји од југоисточна азија (ASEAN) и Самитот од Источна Азија. Државата ги обнови односите со Народна Република Кина во 1990 година кои беа замрзнати поради анти-комунистичките чистки во почетокот на ерата на Сухарто. Индонезија е членка на Обединетите Нации од 1950 година и беше една од основачите на Движењето на неврзаните и на Организацијата на исламските конференции. Индонезија е потписничка на договорот на ASEAN за Зоната на слободна трговија, член на Carnis групата и на Светската Трговска Организација и беше членка на Организација на земји извознички на нафта и нафтени деривати, но се повлече во 2008 година бидејќи повеќе не беше извозник на нафта. Индонезија добиваше хуманитарна помош и помош за развој од 1996 година, особено од САД, Западна Европа, Австралија и Јапонија.
 
Ред 108:
Сепаратистичките движења во провинциите Ацех и Папуа доведоа до вооружен конфликт, а потоа следеа обвинувања за кршење на човековите права и бруталност од сите страни. По повремената 30 годишна герилска војна меѓу Движењето за слободен Ацех и индонезиската војска, во 2005 година се постигна договор за прекин на огнот. За време на претседателството на Сусило Бамбанг Јудхојоно во Папуа имаше значително, иако несовршено, спроведување на закони за регионална автономија и забележителен пад на нивото на насилство и прекршување на човековите право.
 
===Административна поделба===
Административно, Индонезија се состои од 33 провинции, од кои 5 имаат специјален статус. Секоја провинција има свое политичко законодавство и гувернер. Провинциите се поделени на намесништва (kabupaten) и градови (kota), кои понатаму се делат на области (kecamatan) и потоа повторно на селски групации (keca или kelurahan). Понатаму, селото се дели на неколку граѓански групи (Rukun Warga – RW) кои понатаму се делат на неколку маалски групи (Rukun Tetangga – RT). По спроведувањето на мерките за регионална автономија во 2011 година, намесништвата и градовите станаа главни административни единици, одговорни за обезбедување на повеќето владини услуги. Селската администрација е највлијателна во секојдневниот живот на жителите и се занимава со прашања од село или населба преку избран lurah или kepala desa (раководител на селото).
 
Провинциите Ацех, Џакарта, Џогџакарта, Папуа и Западна Папуа имаат поголеми законодавни привилегии и повисок степен на автономија од другите провинции. На пример, Ацехската влада има право да создаде одредени елементи на независен правен систем. Во 2003 година Ацехската влада воспостави еден вид на шеријат (Исламски закон). Џогџакарта го доби статусот на посебен регион како признание за нејзината клучна улога во поддршката на индонезиските републиканци за време на индонезиската револуција. На Папуа, порано позната како Ириска Џаја и беше доделен посебен статус на автономија во 2001 година и таа се подели на Папуа и Западна Папуа во февруари 2003 година. Џакарта претставува посебен регион и главен град.
 
===Географија===
Индонезија се протега меѓу 11° јужна географска ширина и 6° северна географска ширина и од 95° до 141° источна географска должина. Се состои од 17 508 острови од кои 6000 се населени. Тие се расфрлани на двете страни на екваторот. Најголеми острови се Јава, Суматра, Борнео (делови од островот припаѓаат на Бурнеи и на Малезија), Нова Гвинеја (дел од островот припаѓа на Папуа Нова Гвинеја) и Сулавеси. Индонезија копнено се граничи со Малезија на островот Борнео, со Папуа Нова Гвинеја на островот Нова Гвинеја и со Источен Тимор на островот Тимор. Индонезија има поморски граници низ морски теснеци со Сингапур, Малезија и Филипини на север и со Австралија на југ. Главниот град, Џакарта, се наоѓа на островот Јава и е најголем град во Индонезија а по него се Сурабаја, Бандунг, Медан и Семаранг.
 
Ред 122:
Поради положбата долж екваторот, Индонезија има тропска клима со две различни монсунски влажни и суви сезони. Просечните годишни врнежи во низините варираат од 1780 до 3175mm и до 6100mm на планинските области. Планинските области, особено западниот брег на Суматра, Западна Јава, Калимантан, Сулавеси и Папуа имаат најмногу врнежи. Влажноста просечно изнесува 80%. Нема големи температурни разлики во текот на годината, а просечната дневна температура во Џакарта варира од 26°C до 30°C.
 
===Флора, фауна и животна средина===
Големината на Индонезија, тропската клима и тоа што таа е островска земја се причините за второто место во светот по највисок степен на биодиверзитет (по Бразил), а нејзината флора и фауна е мешавина од азиски и австралоазиски видови. Островите Суматра, Јава, Борнео и Бали кои порано биле дел од азиското копно, се богати со азиска фауна. Големите видови како што се тигарот, носорогот, орангутанот, слонот и леопардот порано биле застапени источно до Бали, но сега бројот и распространетоста драстично се намалени. Шумите покриваат околу 60% од земјата. Во Суматра и Калимантан овие шуми се од азиски вид. Сепак, шумите од Јава која е помала, но погусто населена, се во голема мера отстранети поради земјоделството и населувањето на луѓето. Сулавеси, Нуса Тенгара и Малуку кои подолг период се одвоени од копното, развиле своја единствена флора и фауна. Папуа била дел од австралиското копно и претставува живеалиште на единствена флора и фауна која е тесно поврзана со австралиската, вклучувајќи над 600 видови на птици.
Ред 129:
Големиот број на жители во Индонезија и брзата индустријализација претставуваат сериозен проблем за животната средина, на која и даваат понизок приоритет поради високиот степен на сиромаштија и слабото управување поради недостаток на ресурси. Проблемите вклучуваат масовно уништување на шумите (најчесто нелегално) и шумски пожари од кои произлегува големо количество на смог над делови од западна Индонезија, Малезија и Сингапур, прекумерно користење на морските ресурси, и еколошки проблеми поврзани со брзата урбанизација и економскиот развој, вклучувајќи ги загадувањето на воздухот, сообраќајниот метеж, управувањето со ѓубре и услугите за чиста и отпадна вода. Со уништувањето на шумите и тресетот, Индонезија стана третиот најголем емитер на стакленички гасови во светот. Уништувањето на природните живеалишта го загрозува опстанокот на домородните и ендемичните видови, вклучувајќи 140 цицачи кои според Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN) се под закана, а 15 се критично загрозени вклучувајќи го и суматранскиот орангутан.
 
===Економија===
Индонезија има мешана економија во која и приватниот и државниот сектор имаат значајна улога. Индонезија е најголемата економија во југоисточна Азија и е членка на големите економии Г-20. Номиналниот бруто домашен производ во 2010 година изнесуваше 706.72 милијарди долари, номиналниот БДП по жител изнесуваше 3.015 долари, а БДП според паритетот на куповна моќ изнесуваше 4.394 долари. Индустрискиот сектор е најголем со 46.4% од вкупниот БДМ, потоа услужниот сектор со 37.1% и земјоделството со 16.5%. Сепак, од 2010 година услужниот сектор има најмногу вработувања односно 48.9% од вкупната работна сила, потоа земјоделството со 38.3% и индустријата со 12.8%. Сепак, земјоделството со векови беше најголемиот работодавец.
 
Ред 138:
Индонезија беше најсилно погодена земја од азиската финансиска криза од 1997 до 1998 година. Во однос на американскиот долар, рупијата падна од 2600 до 14000 а економијата се намали за 13.7%. Вредноста на рупијата се стабилизираше од 8000 до 10 000 и потоа следеше подобрување на економијата. Сепак, политичката нестабилност, бавните економски реформи и корупцијата го забавија процесот на економско заздравување. Оттогаш Transparency International, ја рангираше Индонезија под 100 место според индексот на перцепција на корупцијата. Сепак БДП порасна за 5% во просек во периодот од 2004 до 2006 година. За жал, порастот на БДП немаше големо влијание врз невработеноста и сиромаштијата особено поради стагнацијата на платите и брзото покажчување на цените на храната, нафтата и гасот. Од 2007 година, со подобрувањето на банкарскиот сектор и домашната потрошувачка, националниот економски раст изнесуваше 6% годишно и овој пораст и помогна на земјата да се справи со глобалната рецесија во периодот од 2008 до 2009 година. Во 2010 година околу 13,3% од населението живееше под границата на сиромаштија, а стапката на невработеност изнесуваше 7,1%.
 
===Демографија===
Бројот на жители во Индонезија според националниот попис од 2010 година изнесува 237,6 милиони, со сеуште висок пораст на населението од 1,9%. Од нив 58% живеат на островот Јава кој претставува најнаселен остров во светот. И покрај прилично ефикасната програма за планирање на семејството која стапи во сила во 1960-тите години, бројот на жители во Индонезија се очекува да порасне на околу 254 милиони до 2020 година, а на 288 милиони до 2050 година.
 
Ред 147:
Иако верската слобода е предвидена во индонезискиот устав, владата официјално признава само шест религии: ислам, протестантство, римокатолицизам, хиндуизам, будизам и конфучијанство. Иако не е муслиманска држава, Индонезија се наоѓа на првото место во светот со најголем број на муслимани и муслиманско мнозинство и според пописот од 2000 година 86% од индонезијците се муслимани. На 21 мај 2011 година во Индонезија е основан првиот Совет на Сунити и Шиити (MUHSIN) кој е прв од ваков вид во светот. Советот има цел да одржува собири, дијалози и социјални активности но не смее да ги меша овие две учења. Тоа беше одговорот на насилството во име на религијата. Мнозинството муслимани во Индонезија се сунити. Девет проценти од населението е христијанско, три проценти е хинду, а два проценти е будистичко или припаѓа на друга религија. Повеќето хинду индонезијци се од Бали, а повеќето будисти во денешна Индонезија се етнички кинези. Иако во денешно време хиндуизмот и будизмот се малцински религии тие сеуште имаат големо влијание врз индонезиската култура. Индонезијците од северниот дел на Суматра биле првите кои го прифатиле исламот во 13 век под влијание на трговците, а веќе во 16 век тој стана доминантна религија во земјата. Првите португалски колонијалисти и мисионери го донесоа римокатолицизмот во Индонезија, а протестантската вероисповест е во голема мера резултат на холандските калвинистички и лутерански мисионерски напори за време на колонијалниот период. Голем број на индонезијци, како што се јаванските abangan, балиските хиндуси и dayak христијаните имаат помалку ортодоксна, синкретичка форма на религија која се базира на локалните обичаи и верувања.
 
===Култура===
Индонезија има околу 300 етнички групи со културни идентитети кои се развивале со векови и кои биле под влијание на индиски, арапски, кинески и европски извори. На пример, традиционалните балиски и јавански танци содржат аспекти од хиндуистичката култура и митологија како што се претставите wayang kulit ( театар на сенки). Ткаенините батик, икат и сонгкет се создаваат низ цела Индонезија во стилови кои варираат во зависност од регионот. Индиската архитектура има најдоминантно влијание врз индонезиската архитектура а други значајни влијанија за архитектурата во Индонезија се кинеската, арапската и европската архитектура.
 
Ред 159:
 
Во Индонезија годишно се продаваат повеќе од 30 милиони мобилни телефони од кои 27% се произведени од локални брендови.
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
{{Азија}}
{{Океанија}}