Крвоток: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 79.126.230.231 (разговор), вратено на последната верзија на Ruy Pugliesi
дополнување
Ред 47:
 
Кај влечугите се задржани левите и десните аортни лакови со број 3, 4 и 6. Лакот 5 е изгубен. Лакот 3 ги образува левата и десната каротидна артерија кои водат во главата. Лакот 4 ги образува левиот и десниот аортен лак кои носат крв во останатиот системски крвоток. Аортните лакови и понатаму го следат патот на жабрите кои веќе не постојат. Аортните лакови се насочуваат кранијално од срцето (каде биле жабрите), потоа се свиваат каудално и дорзално на левата и десната страна, повторно, како да ги снабдуваат жабрите на левата и десната страна од голтката. Аортните лакови се среќаваат над срвето и се спојуваат, по што даваат единечна грбна аорта која оди каудално. Лакот 6 ја образува единечната белодробна артерија. Сумарно, стомачната аорта која излегува од комората на срцето е поделена на три садови: левиот и десниот системски лакови (лак 4) и белодробното стебло (лак 6). Десниот системски лак е поголем од левиот системски лак. Каротидниот канал кој ги поврзува третиот и четвртиот жабрен лак останува отворен кај влечугите. Жабите се специјализирани водоземци, многу понапредни од сега веќе изумрените [[антракосаур]]ски водоземци кои дале почеток на влечугите.
 
== Циркулаторен систем кај безрбетниците ==
 
Едноклеточните животни и простоградените повеќеклеточни животни - копривкарите и плочестите црви, потребните материи ги добиваат и ги пренесуваат по пат на осмоза и дифузија од една клетка до друга. Кај прстенестите црви, пренесувањето на храната и кислородот се врши преку крвоносен систем. Тој се состои од два главни крвни сада: грбен и стомачен. Двата крвни сада се спојуваат во предниот и задниот дел со мрежа од крвни капилари поради што крвниот систем се вика затворен.
 
Кај мекотелите и членконогите крвниот систем е отворен и преставен со еден грбен крвен сад на кој е сместено срцето. Кај мекотелите срцето е составено од една комора и најчесто две преткомори.
 
Кај членконогите срцето е во вид на цевка, поделено на повеќе комори. Кај отворениот крвоток крвта се движи низ крвни садови кои на краевите се отворени. Крвта се излива во шуплините на телото и органите пливаат во ткивна крвна течност. Преку клеточната мембрана на клетките се врши размена на материите.
 
[[Категорија:Циркулаторен систем]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Крвоток