Гуливеровите патувања: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 10:
Во третиот дел “Патувањето во Лапут” Свифт ни кажува дека Гуливер е подготвен за трето патување. При тоа, по многу преживувања, се затекнува на летечки остров, во земјата Лапут. Островот се движи со помош на магнет, и може да се движи само на територијата на земјата, со кој се движи кралот на Лапут. Во оваа земја поминува околу пет години и за тоа време се запознава со нивните обичаи, нивната наука и др. Таму се запознава со гувернерот, кој со доброто познавање на некроманијата може да го оживее било кој мртовец за 24 часа. Гуливер, во Лапут го видел Сократ, Аристотел, Помпеј, Александар Македонски и многу други познати и влијателни личности од историјата.
 
===IV дел: Патување во земјата на Хуинхм===
Во четвртиот дел воедно и последен дел од големата авантура на Гуливер, тој патува како капетан но набрзо ќе има завера од морнарите и ќе биде оставен во непозната земја, но подоцна ќе дознае дека тоа е земјата на Хуинхми – те. Во тој момент започнува чудното “Патување во земјата на Хуинхм” . Хуинхм е земја на коњите. Во ова патување Гуливер се запознава со еден Хуинхм – фармер кој го поканува во својот дом. Како домашни животни Хуиинхмите одгледуваат Јаху кои претставуваат луѓе кои се на низок степен на развиток. Гуливер морал да го научи нивниот јазик за да разговара со неговиот домаќин. Па така, на прашањето зошто државите војуваат меѓу себе, Гуливер му кажал дека има многу причини, но поважни се лакомоста на владетелите, кои вечно се стремат да освојат што поголеми територии, за да го зголемат бројот на своите поданици и.т.н. Преку многуте прашања Свифт ги критикува нередовностите во својата татковина, расипноста на министрите, поткупувањето на високите државници и др. Но собранието на Хуинхмите му наредува на домаќинот на Гуливер да се откаже од гостопримството, затоа што е многу сличен со Јахуите. На крајот Гуливер се враќа во Англија кај своето семејство.