Порт Харкурт: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.5) (Бот Додава: eu:Port Harcourt
Нема опис на уредувањето
Ред 45:
</div><!-- end of floated right section; article starts here -->
 
'''Порт Харкурт''' е град кој се наоѓа во [[Делта на Нигер|Делтата на Нигер]] во [[Нигерија]]. Тој е административен центар и [[главен град]] на [[Област на Реките|Областа на Реките]]. Порт Харкурт бил основан од [[Обединетото Кралство|Британците]] во [[1912]] година на копно населено со народите [[Иквере]] и [[Иџав]]. Британците го именувале овој [[град]] по [[Луис Вернон Харкурт]], британски државен секретар за колониите ([[1910]]–[[1915]]).
 
Главната намена на ова пристаниште била да извезува [[јаглен]] кој доаѓал во големи количества од рударскиот град [[Енугу]] на север преку реката [[Бони (река)|Бони]] на која и е сместен овој град. Порт Харкурт има 3,560,230 жители, што го прави четвртиот најголем град во земјата по [[Лагос]], [[Ибадан]] и [[Кано]]. Тој е главен [[Индустрија|индустриски]] центар, па затоа има голем број на повеќенационални [[Фирма|фирми]], како и други индустриски претпријатија. Бизнисот поврзан со [[нафта]] се одвива тука. Порт Харкурт е водечкиот град за рафинирање на нафта во Нигерија. Во градот има и [[риболов]]на индустрија и рибен [[пазар]].
 
Главна атракција во градот е неговиот [[музеј]]. Транспортот се одвива преку меѓународниот [[аеродром]], [[железница|железничката]] линија до [[Маидугури]] и фериботиферибpоти до [[Нембе]], [[остров|островот]] [[Бони (остров)|Бони]] и островот [[Брас]].
 
Сегашен гувернер е д-р [[Петер Одили]] од [[Народна Демократска Партија (Нигерија)|Народната Демократска Партија]] кој победи на изборите за втор мандат во [[2003]] година.
 
Порт Харкурт е и еден од центрите за христијански развој во регионот и е домаќин на неколку големи [[цркви]]. Овој град е познат и по тоа што има големи количества резервна [[нафта]].
 
== Надворешни врски ==