Таксономија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 4:
 
== Историја ==
Практиката на класификување на организмите потекнува од антиката, поточно од делата на [[Аристотел]] (384-322 п.н.е.) и неговиот ученик [[Теофраст]] (370-285 п.н.е.). По нивните стапки продолжил и римскиот научник [[Плиниј Постариот]] (23-79 н.е.) Со напредокот на оптиката за време на ренесансата, отпочнало ново поглавје во систематската анализа на живиот свет, почнувајчќи со италијанскиот научник [[Андреа Чезаплино]] (1519–1603), проследено од работата на англискиот природонаучник [[Џон Реј]] (1627-1705) и францускиот ботаничар [[Жозеф Питон де Турнефор]] (1656-1708).
 
Основач на современата таксономија е шведскиот ботаничар [[Карл фон Лине]] (1707-1778). Со првото и десеттото издание на делото „[[Систем на природата]]“ (''Systema Naturae'', 1735 и 1758) и делото „[[Видови растенија]]“ (''Species Plantarum'', 1753), Линеј изнел темелно преработен таксономски систем во стандардизиран биномен (двоимен) облик и еднаш засекогаш ги решил проблемите на неорганизираниот пристап во дотогашната литература. Системот е практично ист и денес, а таксономите го почитуваат Линеј како основоположник на исправното распознавање на видовите.<ref>Donk, M.A. (1957) Typification and later starting-points. ''Taxon'' '''6''': 245-256.</ref>