Северна Европа: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
дополнување, обновување
Ред 70:
== Клима ==
Продирањето на топлата Голфска струја од југ покрај бреговите на Западна Европа и западните делови на Данска и на Норвешка е главната причина за благопријатна клима н западниот брег на Скандинавија. Поради тоа, и покрај големите географски широчини и најсеверните територии на полуостровот спрема Атлантикот не замрзнуваат. Сосема спротивни се климатските прилики во внатрешноста, поточно на териториите на Шведска, Финска и Ботнискиот Залив. На овие простори температурите се значително пониски, така што северните делови на Ботнискиот Залив се замрзнати и по неколку месеци. Соодветно на температурните услови се јавуваат разлики во количествата врнежи и кои во западните делови имаат поголеми количества, а во внатрешноста на полуостровот тие се помали. Наведените климатски услови во Норвешка овозможиле мошне поволни елементи за развој на енергетиката, на поморството, на рибарството и слично. Од друга страна, неколкумесечносто замрзнување на Ботонискиот и Финскиот Залив влијаат ограничувачки во функционирањето на водниот сообраќај. Во целина, поради големите географски широчини, релјефните услови, климата и морската одвоеност од Полуостровот придонесле за нешто поретка населеност на Скандинавија.
 
== Население ==
Поголемата географска широчина, релативно посуровите (поладни) климатски услови, големата пошуменост и слично се главен фактор за слабата населеност на територијата на Северна Европа. Како што може да се види од податоците за површината и за населението во држави од Северна Европа, се констатира дека густината на населеност во просек изнесува околу 20 жители на кm². Релативно малата густина на населеност е со различна концентрација. Населението е најзастапено во појужните области. Како се оди кон себер и кон поголемите надморски височини на Скандинавските Планини така густината на населеност се намалува. Исклучок претставува населението покрај атланскиот брег на Норвешка, каде што поради поблагопријатните климатски услови од Атлантикот тоа ги населува и најсеверните територии на Норвешка. Во секој случај, најнаселени се приморските области и покрај бреговите на Атланскиот Океан и покрај бреговите на Балтичкото Море. Таму се развиени најголемите градови, како што се: Тронхејм и Осло во Норвешка, Копенхаген и Остенде во Данска, Стокхолм, Гетеборг и Малме во Шведкса, Хелсинки и Турку во Финска, и Рејкјавик на Исланд.
 
== Јазици ==
Јазиците што се зборуваат во Северна Европа спаѓаат во германската јазична група и во унгаро-финското јазично семејство. Германската група јазици е застапена во Норвешка, Данска, во поголемиот дел на Шведска и на Исланд. Норвешкиот, Шведскиот и Данскиот јазик имаат големи меѓусебни сличности. Исландскиот јазик е нешто поразличен. Фиснкиот јазик е застапен во Финска и во помали делови на Северна Шведкса.
 
== Религија ==
Според религиската припадност, населението на Северна Европа е, главно, христијанско со протестанска вероисповед. Тоа е карактеристика за сите држави од Северна Европа.
 
== Култура ==
Високо развиеното стопанство, добрата организираност и општественото уредување во државите на Северна Европа овозможиле високо образовано и културно ниво на населението.
Во овие земји одамна не постои неписмено население.
Начинот на живеење на народиските народи се одликува со посевна култура и традиции приспособени на условите за живеење. Како посебни се издвојуваат жителите на областа Лапонија во најсеверните делови на Скандинавија, а кои имаат номадски начин на живеење и се одликуваат со посебен говорен јазик - лапонски кој спаѓа во унгаро-финското јазично семејство. Атрополошки, населението во државите од Северна Европа е претежно со бел тен и светлоруса коса.
 
== Индустрија ==
Индустријата, во недостиг на рудни богатства, се повеќе се потпира на увозни суровини. Најразвиени се машинската и автомобилската индустрија во Шведска, каде што се прозиведуваат автомобилите „волво“, потоа бродоградбата во Норвешка, дрната индустрија и индустријата за целулоза и хартија во Финска и во Шведска, прехрамбената индустрија во Данска и риболовот и преработката на риби во Исланд, Норвешка и Данска. Големите површини под шуми на Скандинавскиот Полуостров, како што се две третини од територијата на Шведска и три четвртини од територијата на Финска, се основа за високоразвиена дрвна индустрија. Преработките на дрво во разни финални прозиводи и хартија се извезуваат во целиот све. Притоа, се обрнува големо внимание на зачувувањето и обновувањето на шумскиот фонд.
 
'''Прехрамбената индустрија''' е особено развиена во Данска. Таа се базира на мошне проодните рамничарски релјефни типови и доволно влажната и благопријатна клима, кои овозможуваат високотазвиено земјоделско стопанство. Најпознати производи се: разните житни култури, фуражните култури, свинското месо, млечните производи, јајцаа и друго. Данското земјдолеско и сточарско прозиводство е најроганизираното и најпродуктивното во светот. Во него се користат најновите научни достинувања и најсовремените ѓубрива.
 
'''Енергетиката''' во змејите до Северна Европа е мошне силно развиена. Во Данска многу се користи енергијата на ветерот, така што се изградени голем број ветерници, а на Исланд се користи хидротермалната енергија. Посебно значајна во енергетското прозиводство е Норвешка, која по Велика Британија има најмногу нафтени платформи во Северното Море, а дел од подмроските нафтени резерви што се наоѓаат покрајнејзиниот брег се уште не ги експлоатира. Полноводните реки, кои со голем пад се спуштаат од Скандинавските Планини, се голем хдрипотенцијал што Норвешка го користи со големиот број хидроелектрични централи. ГОлемото морско колебање(прилив/одлив) е искористено за изградба на моќни хидроцентрали. Според тоа, Норвешка е голем прозиводител и извозник на нафта и на електроенергија.
 
== Карти на северна Европа ==