Нов завет: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 6:
Првиот дел од Новиот Завет го сочинуваат [[евангелие|Евангелијата]]. Од нив може да се види дека биле пишувани од луѓеочевидци на животот на [[Исус Христос]], и биле сведоци за се она што виделе и чуле.
 
Првото [[Евангелие според Матеј|евангелие]] е според [[Апостол Матеј (Евангелист)|Матеј]]. Тој лично со своите очи и уши гледал и слушал за она што го пишувал. Во неговите спомени останале незаборавните доживувања со [[Исус Христос]], кои ги пренел на хартија. Господ Исус лично го повикал да го следи (Мат.9:9). [[Апостол Матеј (Евангелист)|Матеј]] по професија бил даночник и откако почнал да го следи Исуса, со Hero поминал многу време, па можел да пишува од искуство, секако воден и инспириран од Светиот Дух. Евангелието според Матеја е напишано помеѓу 80 и 85 година, a местото на пишување веројатно било [[Палестина]].
 
Второто [[Евангелие според Марко|евангелие]] е според [[Апостол Марко (Евангелист)|Марко]]. Тој своите информации ги добил од апостолот Петар. Тоа е воедно најкраткото и наједноставното [[Евангелие]]. Марко многу внимателно ги опишал случките, но не по хронолошки ред. Целта на ова [[Евангелие]] е да го претстави [[Исус Христос]] како '''Божји Син''', да ги опише Неговите дела, Неговата неограничена моќ и Неговите чуда. Се смета дека ова Евангелие е напишано околу 65 година.