Разлика помеѓу преработките на „XML“

Одземени 2 бајти ,  пред 8 години
с
нема опис на уредувањето
с
с
'''XML''' ([[англ.]] ''Extensible Markup Language'' = „проширлив означувачки јазик“) - наследникот на [[SGML]], е едноставен, многу флексибилен [[означувачки јазик]] (форматирање) на [[текст]], односно претставува множество на правила за енкодирање на документи. XML игра многу важна улога во размената на голема разноликост на податоци како на [[интернет]] така и на други места. XML e подмножество на [[SGML]], наменето за да ја олесни примената на [[парсер]] - от во споредба со целосниот [[SGML]] [[парсер]], примарно за користење на [[WWW]]. XML додава неколку дополнителни ограничувања на [[SGML]] синтаксата како на пример не дозволува незатворени почетни и завршни ознаки.
 
По дефиниција XML документот e [[низа од знаци]]. Речиси секој допуштен [[УниукодУникод]]ен знак може да се појави во еден XML документ. Знаците кои што го прават XML документот се поделени на карактери за означување и карактери кои ги содржат самите податоци кои ни се потребни. Секоја низа од знаци која се користи за означување или започнува со „<“ и завршува со „>“ (се нарекува ознака, на пример <отсек>) или започнува со „&“ а завршува со „;“. Секоја друга низа од знаци која не наликува на претходноопишаната низа, ја претставува содржината на информацијата која се проследува со документот.
 
XML е [[јазик за означување]] сличен на [[HTML]], дизајниран за опис на податоци, кои всушност и ги носи во себе. XML не е замена за [[HTML]] туку претставува негово дополнение. XML е предвиден да ги опишува податоците со задршка на тоа што се податоците, додека [[HTML]] е предвиден за приказ на податоци со задршка на тоа како тие ќе бидат прикажани. XML-ознаките не се предодредени. На корисникот му е оставен делот за инвентивност при користење на ознаките, т.е. корисникот сам си дефинира ознаки и ја прави структурата на документот. Наспроти ова ознаките кои се користат во еден [[HTML]]--документ и нивната структура е претходно утврдена. Авторите на [[HTML]]-документот може да користат само ознаки кои се зададени во HTML-стандардот. XML користи [[DTD]] (''Document Type Definition'' = „задавање на документски тип“) или [[XML-шема]] за да ги опише податоците. Ваквиот XML е осмислен да биде самоопишувачки. XML е препорака на [[W3C]]. Тој е бесплатен и лесен за проширување. XML-документот не прави ништо. Тој се создава со цел за структурирање, зачувување и пренесување на [[информација]]та.