Битолски партизански одред „Гоце Делчев“: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Битолскиот Народноослободителен Партизански Одред „Гоце Делчев“''' (бил формиран кај с. [[Прекопане]] на пл. [[Вич|Вичо]], [[Костурско]], 22 мај 1943 – Тиквешијата, средината на септември 1943).
 
Одредот бил формиран од борците на [[БитолскиотБитолско-преспански НОПО „Даме Груев“|Битолско-преспанскиот НОПО „Даме Груев“]] и новопристигнатите борци. Заедно со [[Леринскиот НОПО „Вичо“]] ги разоружал контрачетниците на леринско-костурското подрачје (23 мај – 1 јуни), а. потоаПотоа се префрлил во [[Битолско]] (11 јуни), каде што извршил напад на италијанската караула меѓу селата [[Герман]] – [[Брајчино]], кај с. [[Лавци]] водел борба против бугарската полиција (23 јуни), а кај с. [[Рајци]], на пл. [[Баба (планина)|Баба]] и на [[Сливничка Планина]] (во [[Преспа]]) водел борба против италијанските карабинери (2–8 август).

По [[капитулацијата на Италија]], кај с. [[Отешево]] разоружал група од 60 италијански војници, а кај с. [[Љубојно]], заедно со [[Битолскиот НОПО „Дамјан Груев“]], разоружале над 200 италијански војници. По наредба на [[ГШГлавен штаб на НОВ и ПОМ|Главниот штаб на НОВ и ПОМ]] (прва половина на септември 1943), одредот се поделил на два дела – едниот дел останал во Преспа, а главнината заминала на пл. [[Кајмакчалан]] и [[КожувКожуф]], вршејќи диверзии на железничката линија [[Лерин]] – [[Воден]] – [[Солун]] и, по митинзите во селата во [[Воденско]], [[Леринско]], [[Мегленско]] и [[Тиквешко]], влегол во состав на [[НО баталјон „Страшо Пинџур“]]. Делот што останал во Преспа влегол во составот на [[НО баталјон „Стив Наумов“]].<ref>''Битолските народноослободителни партизански одреди'', Битола, 1982;</ref><ref>[[Владо Стрезовски]], [[Ѓорѓи Димовски - Ласков]], ''7. македонска бригада и 49. дивизија на НОВЈ'', Битола, 1987;</ref><ref>''Македонија од устанка до слободе 1941-1945''. (Зборник радова), Београд, 1987</ref>
 
== Референци ==