Емануел Чучков: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Брзо додавање категорија Штипјани (со користење на HotCat)
Нема опис на уредувањето
Ред 10:
По бугарската окупација, како внук на војводата Чучков, Мане Чучков е поставен за директор на гимназијата во Прилеп, а потоа во Скопје и Штип.
 
Во [[1943]] година Чучков станува член на групата интелектуалци кои го сочинуваат Акциониот народноослободителен комитет ([[АНОК]]). Во април [[1944]] година станува член на проширениот состав на [[Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ|Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ]]. На почетокот од мај [[1944]] година, заедно со [[Методија Андонов - Ченто]] и [[Кирил Петрушев]], заминува за [[Вис]] на средба со [[Народен комитет за ослободување на Југославија|Народниот комитет за ослободување на Југославија]] на чело со [[Јосип Броз Тито]]. Во август 1944 година учествува на Првото заседание на [[АСНОМ]] и е избран за член на [[Президиумот на АСНОМ]] како негов втор потпретседател.<ref>[http://www.slvesnik.com.mk/Issues/0B06AFA2DCBB4B42B443C52DC94D844E.pdf Службен весник на федералната единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија, 1/1945, 47 стр.]</ref>
 
Како претставник од [[Македонија]], на [[30 август]] [[1944]] година е испратен во Народниот комитет за ослободување на Југославија. Во НКОЈ ја врши функцијата повереник за земјоделство, а на [[7 март]] [[1945]] година кога е формирана Привремената сојузна влада на чело со [[Јосип Броз Тито]], станува министер за Македонија. Ставовите на Чучков како сојузен министер за Македонија во раководните кругови на Федерацијата се оценети како националистички сепаратистички и анти-југословенски, поради што е тргнат од функцијата и е вратен во Македонија.
 
Иако деградиран, назначенод е1946 задо директор1950 на Народната библиотека во Скопје игодина е избран за пратеник во [[Собрание на Македонија|Народното собрание на Македонија]], а од 1946 до 19501947 година ја врши функцијата директор на [[Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“|Народната библиотека]] во Скопје.<ref>[http://www.nubsk.edu.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=39&Itemid=48 НУБ „Св. Климент Охридски“, Историја]</ref> Како музиколог етнолог во [[1947]] го основа Заводот за домашни уметнички ракотворби „Македонски Фолклор“, а од 1948 година станува соработник на новооснованиот [[Институт за национална историја]]. Во [[1949]] станува директор на државниот ансамбл за народни песни и игри „[[Танец (ансамбл)|Танец]]“.
 
Во педесетите години повторно се враќа на својата професија и извесно време е потпретседател на Комитетот за високи школи. Потоа во [[1954]] година станува хонорарен доцент, а во [[1957]] година и редовен наставник по Економска географија на Економскиот факултет во Скопје. Во март [[1958]] година ја одбранува порано започнатата докторска дисертација „Овче Поле. Географско-стопанска студија“. Автор е на повеќе универзитетски и средношколски учебници и прирачници и истражувања од областа на историјата, географијата, економијата, фолклористиката, етнографијата и просветата во Македонија.
Својот живот го завршил како професор на [[Економски факултет|Економскиот факултет]] во Скопје.
 
==Наводи==