Илузија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: ko:착각
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{викифицирање}}
==Илузија==
Илузијата претставува изобличување на сетилата и открва како мозокот нормално ја организира и интерпретира сетилната стимулација. Иако илузиите лажно ја претставуваат реалноста и многумина најчесто го имаат истото мислење за нив, тие за разлика од визијата можат да настанат со повеќе човечки сетила, но визуелните илузии и оптичките илузии се најпознати и најразбрани. Нагласувањето на визуелните илузии се случува поради тоа што визијата доминира почесто од другите сетила. На пример, поединци гледајќи вентрилоквист ќе согледаат дека гласот доаѓа од марионетата, бидејќи можат да видат како зборува нејзината уста. Некои илузии се базирани на општи претпоставки што мозокот ги прави за време на перцепцијата. Овие претпоставки се направени според организирани принципи, како Гесталт, способноста на поединецот за длабока, телесна перцепција и перцептивна постојаност. Другите илузии се случуваат поради биолошката структура на сетилата во човечкото тело или поради надворешните услови во една физичка средина. Терминот илузија се однесува на специфична форма на изкривување на сетилата. Спротивно од халуцинацијата, која е искривување во отсуство на стимулант, илузијата го опишува погрешното интерпретирање на реалната ситуација. На пример, слушањето гласови без оглед на животната средина би било халуцинација, меѓутоа слушање гласови претворени во звук на вода која тече (или некој слушен извор) би претставувало илузија. Мимиките се познати по репертоарот на илузииите кои се создадаваат со физички средства. Мимичарот создава илузија на глума или глуми брз непостоечки објекти. Овие илузии ги употребуваат претпоставките на публиката за физичкиот свет. Добро познати примери се:ѕидови, скали за качување, тегнење и туркање, скали за симнување, наведнување итн.
 
Ред 15:
==Филозофијата и илузијата==
Исто како и многу други зборови кои често се употребуваат во различна смисла на духовноста, така зборот илузија се употребува за да се означат различни аспекти на Хинду филозофијата. Многу Монистички филозофии јасно ја разграничуваат илузијата од вистината и лагата. Како што за Хинду филозофијата илузијата преставува нешто што не е вистина и не е лажно. Бидејќи општо гледано вообичаено е да се претпостави дека илузијата е лажна Хинду филозофијата прави разлика меѓу Маја (илузијата) и лагата. Во услови на оваа филозофија маја е вистинита сама по себе, но не е вистинита во однос на вистината. Според оваа филозофија, илузијата не е спротивна на вистината или реалноста, врз основа на овие претпоставки Ведас изјави дека светот како луѓе нормално се гледа во илузија (Маја). Ова не значи дека светот е нереален. Светот е реален исто како и сликата на човек во огледало. Светот не е реален/вистински кога е спореден со реалноста. Но светот исто така не е лажен. Невистината е нешто кое не постои. Ако ја примениме оваа филозофија на претходниот пример, илузијата не е илузија туку е лага.ова е така поради во општа употреба луѓето се склони да ја гледаат илузијата како лага. Како и за адисанкар, водач на монистичките учења, светот не е вистина, туку е илузија (не вистина, не лага). Вистината за светот е нешто кое може да се искуси само со отстранување на идентитетот (его).
 
[[Категорија:Перцепција]]
[[Категорија:Стварност]]
 
[[bn:বিভ্রম]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Илузија