Теорија на струните: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+ текст
Ред 26:
Теоријата на струните ги вклучува и двете: ''отворените'' струни, кои имаат две посебни краја, и ''затворените'' струни, кои прават целосен чвор. Овие два вида на струни се однесуваат за нијанса различно, и создаваат два различни спектруми. Пример, во повеќето теории на струните, еден од најзатворените модалитети на струните е [[гравитон]]от, а еден од отворените модалитети е [[фотон]]от. Бидејќи двата краја на отворена струна секогаш можат да се сретнат и да се поврзат, формирајќи на тој начин затворена струна, не постои теорија на струните без затворени струни.
 
Првиот модел на струни, бозонски струни, ги вклучувала само [[бозон]]ите. Овој модел ја опишува, во доволно ниски енергии, теоријата на [[квантната гравитација]], која исто така ги вклучува (ако ги употребиме и отворените струни) мерните полиња како фотонот. Како и да е, овој модел има проблеми. Што е уште поважно, теоријата има основна нестабилност, за која се верува дека е резултат на распаѓањето (барем делумното) на време-просторот. Понатаму, како што укажува името, спектрумот на честички содржи само бозони, кои како и фотоните, имаат специфични правила на однесување. Грубо кажано, бозоните се составен дел на [[радијација]]та, но не на материјата, која е создадена од фермиони. Истражувањата за тоа како може теоријата на струните да ги вклучи [[фермион]]ите во својот спектрум доведоа до воведување на [[суперсиметрија]], математичка врска меѓу бозоните и фермионите. Теориите на струни кои вклучуваат фермионски вибрации денес се познати како [[теорија на суперструни]], од кои неколку се објаснети, а за сите денес се смета дека се различни граници од [[М-теорија]]та. Некои квалитативни особини на квантните струни може да се сфатат многу едноставно. Пример, квантните струни се затегнати, налик на обичните струни од конец, а оваа затегнатост се смета за основен параметар на теоријата. Затегнатоста на квантните струни е во близок сооднос со нивната големина.
 
== Наводи ==