Хорарна астрологија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+текст
+текст
Ред 47:
 
==Вртење на хороскопот==
На некои прашања е важна употребата на вртење на хороскопот, односно радикалните куќи се претвораат во т.н. '''дериватни куќи'''. Пример, ако мојот брат е претставен со трета куќа, тогаш неговите пари се куќата која е втора од третата = четврта куќа. Моето дете е петта куќа, а детето на моето дете (мое внуче) е петта од петтата = деветта куќа. Топката на моето куче - втора од шеста = седма куќа.
 
==Толкување==
Најдете ги сигнификаторите, најдете аспект меѓу нив, и ќе имате позитивен одговор на прашањето. Но, аспектот е важен, но не е единствен. Аспектот дава можност нешто да се случи. Ако нема можност, нема настан, но не мора да го означува позитивниот исход на прашањето. На пример: имав можност да ја запросам, но таа ме одби. Можноста сама по себе не беше доволна да се оствари планираното.<ref>Џон Фроли, „Учебник по хорарна астрологија“, Акрукс Боок, Белград, 2005, стр. 45</ref>
 
Затоа, она што е важно при анализирање на хорарната карта се достоинствата и рецепциите на планетите. Аспектот носи можност да се делува, рецепцијата - желба да се делува, а достоинството - моќ да се делува.
 
===Планетарно достоинство===
Постојат два вида достоинства на планетите: случајно и основно достоинство, и имаат различно значење. На пример при прашање за судски спор основното достоинство покажува кој е во право, а случајното достоинство - кој ќе го добие спорот.
 
За планетата ќе речеме дека има основно достоинство доколку се наоѓа во свој знак или во знак во кој е во егзалтација. Доколку се наоѓа во изгон или пад - планетата е дебилитирана, и тогаш во хорарната карта врши лошо влијание. Но, планета која не е во ниедно основно достоинство, ниту е во изгон или пад, е ''перегринирана''. Таа е налик на скитник, препуштена на околностите, и обично се смета за лоша.
 
Наједноставно кажано, случајно достоинство има планета која се наоѓа во аголна куќа, иако списокот на случајни достоинства и дебилитации е долг. Ситуации на случајна дебилитација:<ref>Џон Фроли, „Учебник по хорарна астрологија“, Акрукс Боок, Белград, 2005, стр. 54</ref>
*''Ретроградна'' планета е најчесто афликција. Но при прашања за враќање („Дали ќе се смириме?“) - ретроградна планета е добар показател дека враќањето е можно.
*''Стационираност'' на планета секогаш покажува голема ранливост или слабост. Планета во прва станица (во моментот додека стои пред да смени правец) е како човек кој се спрема да легне болен во кревет.
*''Спалена планета'' е онаа која се наоѓа на далечина од осум и пол степени од Сонцето.
*Сигнификатор меѓу две планети е во ''опсада''. Ако планетите се лоши - сакаат да ѝ наштетат, но ако се добри, ѝ помагаат.
 
''Казими'' или во срце на Сонцето, е планета која е на 17 ипол минути од Сонцето. Ова се смета за многу поволен аспект.
 
== Надворешни врски ==