Ралф Валдо Емерсон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 29:
По смртта на неговата жена, тој започнал да не се согласува со методите на црквата и во неговиот дневник вели: “Понекогаш мислев дека за да бидеш добар свештеник, треба да го напуштиш свештенството. Професијата е застарена. Во поинакво време, ние ги возвишуваме мртвите форми на нашите претци.” Неговите несогласувања со официјалните лица на црквата околу начинот на служење на евхаристиската служба дојдоа до таа мера што Емерсон мораше да си даде оставка во 1832 година. Како што тој напиша, „Овој начин на прославување на Христа не ми одговара. Тоа е доволна причина за да го напуштам ова.“
 
Емерсон ја обиколил Европа во 1832 година и подоцна пишувал за овој подвиг во „Англискиот карактер“. Тој се качил на бродот „Јаспер“ на Божиќ, пловејќи прво кон Малта. За време на неговото европско патување, тој поминал неколку месеци во Италија, посетувајќи ги Рим, Фиренца, Венеција и други градови. Додека бил во Рим, се сретнал со Џон Стјуарт Мил, кој му дал препорака на Емерсон за да се сретне со [[Томас Карлајл]]. Бил и во Швајцарија и морал да биде одвлечен на сила за да го посети домот на Волтер во Ферни. Тогаш тој заминал за Париз, „гласно модерно место, слично на Њу Јорк“, и ја посетил градината на цвеќињата. Тој бил фасциниран од организацијата на цвеќињата според системот на класифицирање на Жусие, и начинот на кој сите објекти се поврзани. Како што вели Ричардсон, „Увидот на Емерсон во внатрешната поврзаност на работите во градината на цвеќињата бил момент на визионерски интензитет кој го одделил од теологијата, а го привлекол кон науката“.
 
Одејќи на север кон Англија, Емерсон се запознал со Вилијам Вордсворт, Семуел Тејлор Колриџ и Томас Карлајл. Карлајл особено имал големо влијание врз Емерсон. Подоцна, Емерсон ќе работи за Карлајл како неофицијален литературен агент во Америка и во март 1835 година тој се обидел да го убеди Карлајл да дојде во Америка и да предава. Емерсон и Карлајл продолжуваат да си допишуваат се до смртта на Карлајл во 1881 година.
Ред 36:
{{quote|„Природата е јазик и секој нов факт што се учи е нов збор; но не е јазик кој e растргнат на делови и е мртов во речникот, туку е јазик што сочинува значајна и универзална смисла. Јас посакувам да го научам овој јазик, не за да знам нова граматика, туку за да ја читам големата книга што е напишана на тој јазик.“}}
 
На 24 јануари 1835, Емерсон и напишал писмо на Лидија Џексон во кое и предлага брак. Нејзиното прифаќање стигнува до него преку пошта на 28 јануари. Во јули 1835 година, Емерсон купува куќа во Конкорд, Масачусетс и ја именува „Грмушка“. Сега е отворена за јавноста како „Куќата на Ралф Валдо Емерсон“. Емерсон, за многу кратко време, се воздигнал меѓу водечките граѓани во градот. Тој одржал предавање во чест на двестотото годишно постоење на градот Конкорд на 12 септември 1835 година. Два дена подоцна, тој се оженил со Лидија Џексон во нејзиниот роден град Плимут, Масачусетс, а на 15 септември се преселиле во новиот дом во Конкорд заедно со мајката на Емерсон.
 
Емерсон набргу потоа го сменил името на Лидија во Лидијан и ја нарекувал „кралице“, понекогаш и „Азија“, а таа него г-н Емерсон. Нивните деца се викале Валдо, Елен, Едит и Едвард Валдо Емерсон. Лидијан предложила првата ќерка да се вика Елен, по првата жена на Емерсон.