Македонска пошта: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 53:
Натамошното проширување на поштенската мрежа се одвивало мошне брзо, особено во периодот од 1951 до 1955 год. Во овој период работеле 152 пошти, вклучувајќи ги 3-те сезонски и 3-те помошни пошти. Во 1951 год. од вкупно 151 пошта, 24 биле сместени во згради кои биле во соспственост на ПТТ, 54 во општествени и 58 во приватни згради. Во 1960 год. за пренос на поштенски пратки се користеле три сопствени автобуси, пет железнички линии, 38 автобуски јавни линии, а приватни запрежни коли се движеле на 8 релации.
 
За време на катастрофалниот [[земјотересСкопски земјотрес 1963|земјотрес во Скопје]] од 1963 год. целосно биле урнати зградите на Пошта Скопје 2, Управата на Претпријатието и др. и истите биле заменети со времени објекти - бараки. Доставата на поштенските пратки, особено во одалечените подрачја се вршела со бројни тешкотии. Пошторазнесувачите секојдневно поминувале десетици километри. Според евиденцијата од овој период, секојдневно пешачеле по 18 км, а вкупната должина на патот изминат во текот на годината изнесувал 532.000 км.
 
Со формирањето на трите поштенски центри - Битола, Штип и Скопје во 1965 год., се укинуваат 22-те писмоносни експедиции формирани во 1948 год.