Хиподам Милетски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 2:
'''Хиподам Милетски''' или '''Хиподам од Милет''' ([[Старогрчки јазик|старогрчки]]: {{Polytonic|Ἱππόδαμος}}), бил старогрчки [[урбанист]] во [[5 век п.н.е.|V век п.н.е.]]. Тој изработувал планови за градови со ред и правилен карактер, за разлика од честите безредни градови како [[Атина]]. Тој се смета за зачетникот на идејата дека еден градски план може формално да отелотвори и разјасни рационален општествен поредок. Според Аристотел (во ''Политика''), тој бил зачетникот на урбанизмот, и обмислил идеален град за 10,000 жители, поделен во три класи (воини, занаетчии и земјоделци), каде земјата исто така била поделена на три дела (света, јавна и приватна). Тој бил познат и по љубител на вниманието. Според описот на Аристотел во ''Политика'', „Некои сметале дека тој навистина претерувал, со неговата долга коса, скапи украси, и истата евтина топла облека која се носи и лете и зиме“.
 
За [[Перикле]] Хиподам го испланирал пристанишниот град [[Пиреја]] кај Атина во средината на V век п.н.е. Кога атињаните го основале [[Туриј]] во [[Италија]] во [[443 п.н.е.]], тој бил колонијален архитект - иако не архитект во смисла на дизајнерпроектант на градби. Се смета дека во [[408 п.н.е.]] го изградил новиот град [[Родос]], иако може да се каже дека бидејќи бил дел од проект за реконструкција на Милет во [[479 п.н.е.]], тој би бил престар за да работи на Родос.
 
Неговите [[решетскаст план|решеткасти планови]] се состоеле од низа широки, прави улици, кои се сечеле под агли од 45° и 135°.