Јован Јовановиќ-Змај: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+ содржина
+ содржина
Ред 45:
 
==Творештво==
Змај дебитира со песната „Пролетно јутро“, и тоа како ученик во [[Пожун]], во [[1852]] година. Песната е потпишана со псевдоним Осман. Како поет, Змај се јавува во време кога српската поезија минува низ тешка криза, и таканаречената „објективна лирика“ веќе е минато. Сè до појавата на Змај, а тоа значи десет години по смртта на [[Бранко Радичевиќ]], тоа се гладни години во српската книжевност.
 
Не останува незабележано во книжевната историја дека Змај останал верен на теоретските принципи на својата младост, талентиран, тој креативно ги усвојувал и надградувал другите поетски искуства. На пример, кај него се чувствува имитирање на српската народна поезија, но ова кај него е мајсторски изведено. Змај се носи со мисла дека и не треба да биде некаков уметнички поет. Така ги замислил своите „Снохватице“ и „Невесиље“, сметајќи ги за најдобри свои остварувања, и вели: „Јас отсекогаш сакав ''Снохватице'' да се критикуваат како народни песни, како да го нема на корицата моето име.“ За да ја оствари својата замисла, тој го проучувал српскиот речник на [[Вук Караџиќ]], а и самиот се занимавал со собирање на ретки зборови. Резултат е збирка од 3000 народни зборови што во [[1896]] ѝ е предадена на Матица српска во Нови Сад под наслов „Градиво за што потпунији речник српског језика“.
 
Покрај српската народна поезија, на неговата поезија најголемо влијание извршил унгарскиот поет [[Александар Шандор Петефи]], како и германските романтичари, поетите на т.н. „млада Германија“ и претставници на тенденциозна поезија: [[Хервек]] и [[Фрајлиград]]. Голема поетска симпатија му е и [[Хајне]].
 
Змај е познат и како преведувач на [[Лермонтов]], [[Гете]], [[Грим]], [[Шилер]], [[Хамерлинг]] и други. Од неговото прозно творештво најпознати му се расказот „Видослава Ранковиќ“, поетската легенда и хумористична пиеса „Шаран“ од 1864 година. Објавил: „Ѓулиќи“ (1864, Нови Сад), „Све до јакошње песме“ (1871, Нови Сад), „Песме Мирзе Шафије“ (1871, Виена), „Певанија“ (1882, Нови Сад), „Ѓулиќи увеоци“ (1872, Нови Сад), „Друга певанија I“ (1895, Белград), „Друга певанија II“ (Белград), „Чика Јова српској деци“ (1899, Белград), „Чика Јова српској омладини“ (1901, Белград), „Собрана дела Змаја Ј. Јован“ I-XVI (Белград, 1933-1935, приредил Јаша Продановиќ).
 
Песните за деца се напишани од светот на детството, при што тој свет е опфатен во целокупната негова интегралност со длабоко проникнување во неговите специфичности и законитости. Змај како добар реалист трага по типични претстави на детскиот свет и нив ги слика во живи бои, во типични животни околности. Затоа во неговата поезија има ликови кои се паметат: трудољубиви, мрзливи, разгалени, послушни и др.
 
Како писател со развиено чувство за социјалната нееднаквост, Змај на детскиот свет не гледа како на волшебна аркадија во која тече само мед и млеко.
 
==Критики==
Чика Јова е воспитувач на бројни генерации, и до денес не може да се замисли српска читанка без негови песни. Тој подеднакво е познат кај сите народи од југословенските простори. Критиката смета дека неговата поезија за деца се наоѓа на самиот врв во светската поезија. Таа нагорна линија почнува од неговата песна „Гаша“, 1858 година, која е всушност препев на една песна од германскиот поет [[Рудолф Левенштајн]].
 
Постои сомневање дали Змај започнал со песните за деца поради потребите на времето, односно поради потребите на образовниот процес или од сосема лична причина. Тој рано останал без свои деца, па можно е оваа потреба да се јавила како еден вид компензација, неопходност да се пополни сопствената животна бездна. Сепак критиката е скептична по ова прашање.
 
Критиката од негово време била дијаметрално спротивна, а поезијата на Змај ја суделе не само познати критичари, туку и прочуени педагози и политичари. Суделе и без претходна анализа. Ѓорѓе Натошевиќ, најугледен педагошки стручњак од она време кај Србите, песните на Змај ги нарекол „вашарски изработени“, а како пример ги посочил песните „Ветар“ и „Племица“, кои пак денес се меѓу најпопуларните Змаеви песни. Во писмото до Никола Вукичевиќ од 01 мај 1866 година, Натошевиќ испратил неколку песни на Змај предлагајќи да бидат објавени но претходно дотерани од Петар Деспотовиќ.
 
Митар Нешковиќ во статија од [[1887]] година му оддава признание на Змај како детски поет, но сепак му забележува што поезијата не ја систематизирал според педагошките принципи, т.е. што не се труди да создаде вистински и целосен кодекс на моралното воспитување. Коментирајќи го ова, д-р Божидар Ковачек вели дека професионалните педагози станале несензибилни за уметничките вредности и за вистинската порака на песните на Змај.
 
Според Обединета младина српска песните на Змај треба да бидат средство за будење на националната свест кај најмладите читатели, посебен облик на националистичка пропаганда. Во [[1893]] година се појавува судот на Љубомир Недиќ, кој поезијата на Змај ја смета за највредно во неговиот поетски опус. Значајно е што критиката почнува сериозно да се занимава со овој вид творештво. Лаза Костиќ во [[1902]] година смета дека поезијата на Змај е „премногу мудро“ конструирана.
 
Значи, едните од Змај бараат уште повеќе инструментализација, додека другите го обвинуваат за премногу дидактичност.
 
== Наводи ==