Бартоломео Растрели: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 25:
Растрели бил назначен за главен дворски архитект во 1730. Неговите дела им се допаднале на женските монарси во тоа време, и затоа тој ја задржал оваа функција за време на владеењата на цариците [[Ана Ивановна]] и [[Елисавета Петровна]]. Така, во тој период ги изградил [[Рундалски дворец|Рундалскиот]] и [[Митавски дворец|Митавскиот дворец]], кои биле изградени за војводата [[Ернст Јохан Бирон]], близок пријател на царицата Ана. Денес, обата дворци се наоѓаат во [[Латвија]].
[[Податотека:winter_palace.jpg|мини|десно|200п|[[Зимски дворец|Зимскиот дворец]] во [[Санкт Петербург]]]]
Врвот во својата кариера го достигнал во времето на Елисавета Петровна, за којашто бил назначен да го изгради [[Летен дворец (Русија)|Летниот дворец]] во Санкт Петербург. По него, следувала изградбата на бројни градски дворци и [[Куќа на село|куќи на село]], меѓу кои најпознати се [[Воронцов дворец|Воронцовиот]] и [[Строгановскиот дворец]]. Во периодот од 1747 до 1752 година, Растрели работел на изградбатапроширување и обновување на [[Голем дворец|Големиот дворец]] во [[Петерхоф]], а во 1747 година ја направил и скицата на [[Андреевска црква|црквата Свети Андреј]] во [[Киев]], чијашто изградба траела од 1749 до 1755 година. Од тој период, познато е и дека работел на изградбата на [[Катерински дворец|Катеринскиот дворец]] во [[Царское Село]].
 
Последните и можеби најголеми проекти на Растрели биле [[Смолински манастир|Смолинскиот манастир]] и [[Зимски дворец|Зимскиот дворец]] во Санкт Петербург. Во Смоленскиот манастир, царицата Елисавета требала да го помине остатокот од својот живот, а проектираната [[камбанарија]] требала да стане највисоката градба во цела Русија. Смртта на Елисавета во 1762 му оневозможила на Растрели да го заврши овој величествен проект целосно.