Пиндар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+ содржина
+ содржина
Ред 7:
Пиндар секогаш зборувал како пророк и свештеник, како учител на мудрости, а и тој самиот себеси не се нарекува поет, туку мудрец. Своето сфаќање на светот и животот го засновал врз својот став кон религијата. Тој е прв кој на боговите и хероите им го придава култниот епитет „свет“. Неговите богови со својата морална чистота се разликуваат многу од боговите кои ги претставува [[Хомер]].
 
Пиндар со страст вршел корекција на преданијата и митовите од тоа време. Ги отфрла човечките особини кои им се доделувале на боговите, а на прашањето „Што е бог?“, одговарал: „Бог е сè“. Во основа сфаќањето на боговите на Пиндар не се разликува од она на [[Есхил]], освен што идејата за божјата праведност кај Есхил добива трагична сила.
 
Херојот на кого Пиндар му го подарил своето најголемо внимание е [[Херакле]]. Карактеристично за Пиндар е верувањето дека ''способност'' е нешто вродено, нешто наследено преку крвта од „божествените“ претци, па затоа тој не ја цени научената, туку само вродената способност, или она што го нарекуваме „природна дарба“. Сепак не ги отфрла сосема искуството и „учењето од старите“. Сепак, секое човечкот битие е ограничено, и според Пиндар, „безнадежно е да се бара среќата без бог или против бога“.
 
Пиндар е најголемиот и последниот гласник на еолско-дорскиот начин на живеење, како што се живеело во богатите кругови кон почетокот на 5 век п.н.е. Пиндар е учител само на еден сталеж: на благородниците.
 
За стилот на Пиндар: мислите му се ројат и брзо летаат, не застанувајќи на детали, едната ја престигнува другата, зборовите како да не можат да се стигнат. Јазичниот израз му е збогатен со нови и смели метафори, сјајни слики. Во богатството на сликите му нема рамен. Споредбите се ретки и не се разработени како кај [[Хомер]], туку само се навестени. Величенствените воведи во неговите епиникии, самиот Пиндар ги споредувал со „портата на палата која е украсена со златни столбови“. Наречјето му е дорско-беотско.
 
Од 45 епиникии колку што има, секоја има свој посебен метрички облик.
 
==Влијанија==
Во духот и дикцијата на хорската лирика на [[Софокле]] се забележува влијанието на Пиндар.
 
Меѓу другите негови наследници се: [[Џон Драјден]] и [[Александар Поп]] во [[Англија]], како и [[Русите]] [[Лермонтoв]], [[Г.Г. Державин]], [[Пушкин]] и други.
 
==Наводи==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Пиндар