Детска книжевност: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ново
 
+ содржина
Ред 1:
'''Книжевност за деца''' е посебна книжевна област со свои идеи, воспитни и уметнички обележја. Книжевноста за деца е наменета за најмалиот читател или слушател, за деца од 2-15 години (или нешто повеќе). Овде спаѓа книжевноста создадена од деца, или '''детската книжевност''', и делата создадени за деца.
 
==Историски преглед==
Проучувачите на книжевноста за деца се согласуваат дека почетоците на овој вид литература треба да се бара во стариот век, иако тогаш не егзистирала во денешна смисла. Во процесот на воспитување на децата долго време се користела народната книжевност. како една од првите дела напишани за деца се сметаат приказните за животните под наслов „Панчатантра“ (во пет книги), чиј автор е индискиот мудрец [[Вишнушарман]]. Збирката е напишана околу 300 година од нашата ера, и им била наменета на младите принцови и децата со благородничко потекло. Преку приказните за некој си крал и неговите тројца несериозни синови, децата требало да се подучат на животната мудрост.
 
Од византиската книжевност, таа збирка е пренесена и во нашата средновековна книжевност, позната под насловот „Стефанид и Ихмилад“. Тоа време во Грција биле популарни басните на [[Езоп]], кои имаат една строга воспитна улога. Но речиси никој од писателите не ги потпишувале своите дела дека се за деца.
 
Дури и [[Шарл Перо]] своите сказни формално ги пишувал за возрасни, но тој сепак се смета за клучна личност во историјата на книжевноста за деца.
 
Во [[1872]] година постои обид на [[Глигор Прличев]] да објави збирка од 12 песни под наслов „Воспитание или наратствени песни“, но не се објавени. Оваа збирка е објавена во [[1966]] година во „[[Разгледи]]“, со коментари на [[Гане Тодоровски]].
 
 
 
==Романи==
Се разликуваат:
* Романи за детскиот свет, со теми од секојдневниот живот на детето. Овде спаѓаат: „Давид Коперфилд“ и „Оливер Твист“ на [[Чарлс Дикенс]], „Емил и детективите“ и „Летечкиот клас“ од [[Ерих Кестнер]], „Улица“ од [[Славко Јаневски]], и други.
* Авантуристички романи кои се карактеризираат со убави описи на егзотични земји и со возбудливи заплети. „Робинзон Крусо“ од [[Даниел Дефо]], „Винету“ од [[Карл Мај]], „Црниот пантер“ од [[Видое Подгорец]] и други.
* Историски романи за деца е нетипичен жанр во кој главни ликови се историски личности. „Гоце Делчев“ од [[Ванчо Николевски]].
* Роман со воена тематика, во кој за разлика од историскиот роман, главни ликови се децата кои храбро и рамноправно учествуваат во историските процеси. „Орлите рано летаат“ на [[Бранко Ќопиќ]].
* Научно-фантастичен роман, кој се смета за корисно четиво за младите, бидејќи ги поттикнува да размислуваат. Овде спаѓаат романите на [[Жил Верн]]: „Децата на капетанот Грант“, „20.000 милји под морето“ и „Таинствениот остров“, потоа [[Џорџ Велс]] со „Војна на световите“, како и македонскиот писател [[Стојмир Симјановски]] со „Ацела“.