Јордан Поп Јорданов - Орцето: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нова страница: '''Јордан Поп Јорданов - Орцето''' (познат и само под прекарот '''Орце''') (1881 - 1903) е македонски рево...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Јордан Поп Јорданов - Орцето''' (познат и само под прекарот '''Орце''') (1881 - 1903) е македонски револуционер - [[Анархија|анархист]], член на илегалниот терористички кружок [[Гемиџии]] кој кон крајот на април [[1903]] година ги извршил познатите [[Солунски атентати]] врз објекти кои целосно или делумно биле во сопственост на западноевропските капиталистички земји и турските власти. Роден е во [[Велес]], како помлад брат на македонскиот револуционер [[Миле Поп Јорданов]]. Се школува во родниот град и Солунската егзархиска машка гимназија. Како шестокласник го прекинува образованието и заминува во [[Софија]] од каде се префрлува во [[Солун]]. Спаѓа меѓу првите членови на кружокот - [[Гемиџии]]. Претходно среќавајќи се со С.Мерџанов во Цариград (1899), ја прифаќа неговата идеја за минирање на Отоманската банка во [[Солун]] и настојува да ја реализира. Договорено е подземниот тунел до банката да се копа од изнајмениот дуќан берберница на В.Пингов. Тунелот ќе биде прокопан во одредениот рок, но акцијата ќе биде одложена. На [[29 април]] [[1903]] тој ќе го активира динамитот во прокопаниот тунел и ќе ја крене во воздух Отоманската банка. Потоа фрла бомби пред хотелот „Салоник“. Загинува херојски на [[30 април]] [[1903]] во куќата во која што живеел, фрлајќи ги последните бомби врз турските војници кои го држеле под опсада.
 
[[Категорија:Македонски револуционери]]