Прогонување на христијаните во Римското Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 25:
== Трајан==
 
[[Трајан]] се смета за еден од најспособните императори на [[Римската Империја]]. Во негово време, Римската империја доживеала најголема распространетост по територија. Во негово време започнало христијаните да ги сметаат за религиозна група различна од евреите – но истата не можела да биде припоена кон дозволените религии.
 
Во [[99]] година императорот Трајан донел Указ против тајните здруженија, иако истиот не бил дирекно насочен против христијаните, сепак тие и несакајќи ги исполнувале условите за да бидат сметани за тајни здруженија: се собирале тајно и на тајни места бидејќи биле гонети. По овој указ, Трајан бил приморан да издаде друг указ кој се однесувал директно на [[христијаните]], а на барање на проконзулот на [[Витинија]], [[Плиниј Младиот]]. Во Витинија имало многу христијани во тој период, па проконзулот се обратил до императорот кој наредил христијаните да не смеат да бидат гонети од страна на институциите на државата, но доколку некој ги изведе пред суд да бидат судени и убедувани да се откажат од христијанството, во спротивно следувала смрт.
 
Самиот Трајан очигледно не ги сметал христијаните за толку голема опасност да мора државата самата да ги гони. Секое непочитување на императорската и државната власт за него било доволен повод некој да плати со својот живот за ваквото непочитување. Како жртви од овој период се издвојуваат [[Симеон Ерусалимски]] и [[Игнатиј Богоносец]].
 
== Наводи ==